| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Речиси половина од продадените возила во ЕУ се хибридни или електрични
Продажбата на електрични и хибридни возила во Европската унија бележи раст наспроти намалената побарувачка за автомобили на бензин и дизел
Речиси половина од продадените возила во ЕУ се хибридни или електрични
Продажбата на автомобили на бензин е намалена за 3,3 проценти, а на дизел за 7,4 проценти     Фото: Reuters / Reuters
4 ноември 2022

Речиси половината од продадените возила во земјите од ЕУ во третиот квартал од 2022 биле хибридни или електрични. Податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека електричните и хибридните автомобили во продажбата учествувале со 43 проценти.

Тоа претставува зголемување од три проценти во споредба со истиот период минатата година во делот на продажбата на електричните и хибридните возила.

Повеќе од еден од десет продадени автомобили или 11,9 проценти бил целосно електричен модел со нулта емисија на штетни гасови.

Европската унија ја поддржа ефективната забрана за нови возила со фосилни горива од 2035 година. Од ова произлегува дека сите автомобили ќе мора да бидат модели со нулта емисија.

Националните и локалните власти ги повлекуваат субвенциите за plug-in хибриди во корист на целосно електрични автомобили. Продажбата на plug-in хибрид автомобили опаднала за шест проценти во текот на третиот квартал.

Продажбата на автомобили на бензин е намалена за 3,3 проценти иако автомобилите на бензин се уште се најпопуларни во Европа со 37 проценти од пазарот. Дизел автомобилите имаат пад од 7,4 % и на пазарот се застапени со 16,5 %.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири