| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
САД ќе поведе истрага за убиството на новинарката Ширин Абу Аклех
Откако Министерството за правда на САД го информираше Израел дека преку ФБИ е отворена истрага за убиството на новинарката Шириин Абу Аклех, израелските власти предупредија дека „тоа е грешка“
САД ќе поведе истрага за убиството на новинарката Ширин Абу Аклех
Истрагата ќе ја води ФБИ     Фото: AA / AA
15 ноември 2022

САД ги известиле израелските власти дека одлучиле да покренат сопствена истрага за убиството на палестинската американска новинарка Ширин Абу Аклех.

Повикувајќи се на израелски извори, американската веб-страница Аксиос објави дека Министерството за правда на САД го информирало израелското Министерство за правда дека ФБИ отворила истрага за смртта на Абу Аклех.

Абу Аклех (51), палестинско-американска новинарка, беше убиена на 11 мај, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека била застрелана во главата додека известувала за напад на израелската војска во градот Џенин на Западниот Брег.

Неколку водечки медиумски агенции, вклучувајќи ги Ал Џезира, Си-Ен-Ен, Асошиетед прес, Вашингтон пост и Њујорк Тајмс, спроведоа свои истраги. Сите завршија со заклучокот дека Абу Аклех е убиена од израелски куршум.

Израелскиот министер за одбрана во заминување Бени Ганц изјави дека одлуката на САД да спроведе истрага за смртта на Абу Аклех „е грешка“.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) спроведоа професионална, независна истрага, која им беше претставена на американските претставници со кои беа споделени деталите“, напиша Ганц на Твитер.

„Испратив порака до американските претставници дека стоиме покрај војниците на ИДФ, дека нема да соработуваме со надворешна истрага и нема да овозможиме интервенција во внатрешните истраги“, додаде тој.

Во септември, израелската армија соопшти дека Абу Аклех најверојатно била убиена од „погрешен“ истрел од израелски војник.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири