| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Регион: Лажни вести за „уште еден терористички напад“ во Истанбул
За жал, јавноста во земјите од регионот погрешно е информирана дека е во прашање нов терористички напад. Бројни медиуми од регионот пренесоа вест од непотврден и непроверен профил на Твитер.
Регион: Лажни вести за „уште еден терористички напад“ во Истанбул
Во Истанбул вечерва избувна пожар на неколку автомобили кој со брза интервенција на пожарникарите е изгаснат.   / Фото: AA / AA
15 ноември 2022

Некои од медиумите во земјите од регионот, вклучитело и од Северна Македонија, вечерва пренесоа вест за запалени автомобили во Истанбул како нов терориситчки напад и се повикаа на непроверен профил на Твитер.

Во Истанбул вечерва избувна пожар на неколку автомобили кој со брза интервенција на пожарникарите е изгаснат.

Пожарот првично зафати автомобил во движење после што возачот го напушти возилото и побара помош. Пламенот потоа зафати и четири автомобили паркирани во близина, пред да стасаат да реагираат возилата на противпожарните единици.

За жал, јавноста во земјите од регионот погрешно е информирана дека е во прашање нов терористички напад.

Имено, бројни медиуми од регионот пренесоа вест од непотврден и непроверен профил на Твитер кој сподели и видео од запалените автомобили со напомена дека се работи за терористички напад.

Твитер профилот „LWNC” во тој момент имаше нешто повеќе од 30 следбеници а регистриран е овој месец.

Потсетуваме, Истанбул беше цел на терориситчки напад кој се случи во недела на 14 ноември, кога припадници на терориситчката организација ПКК/ЈПГ со активирање експлозив усмртија шест а повредија 81 лице.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири