| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Јилмаз: Исламскиот свет мора решително да им се спротивстави на израелските злосторства во Палестина
Турскиот потпретседател рече дека 42. состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка покажал решеност за надминување на геополитичките тензии и конфликти низ исламскиот свет преку дипломатија
Јилмаз: Исламскиот свет мора решително да им се спротивстави на израелските злосторства во Палестина
Тој укажа дека биле започнати 10 нови проекти, покрај претходно завршени 28 проекти за поддршка на Палестинците

Исламскиот свет мора решително да им се спротивстави на израелските злосторства и да ја поддржи Палестина преку конкретни активности, изјави денес турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз.

Јилмаз го изјави ова претседавајќи со завршната сесија на 42. министерски состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка ЦОМЦЕЦ (COMCEC), кој се одржа во Истанбулскиот конгресен центар.

„И покрај прогласувањето прекин на огнот, администрацијата на Нетанјаху продолжува со масакрите со неосновани изговори при секоја можност, не се преминува кон следната фаза од прекинот на огнот, а попречувањето на хуманитарната помош секојдневно го зголемува страдањето на нашите палестински браќа“, рече Јилмаз.

„Како исламски свет мора најрешително да му се спротивставиме на ова угнетување и преку конкретни чекори да ја поддржиме Палестина, особено Газа, со сите расположливи средства“, додаде тој.

Јилмаз истакна дека заедничката решителност покажана за време на состаноците ја потврдува подготвеноста геополитичките тензии и конфликтите низ исламскиот свет да се надминат преку дипломатија.

Тој укажа дека посебната програма на ЦОМЦЕЦ за Ал-Кудс претставува конкретен израз на солидарност, посочувајќи дека оваа година биле започнати 10 нови проекти, покрај претходно завршени 28 проекти за поддршка на Палестинците.

Јилмаз го поздрави и напредокот во рамките на Програмата на ЦОМЦЕЦ за Сирија, спроведена оваа година со цел зајакнување на човечките и институционалните капацитети, како и заживување на економската активност преку пет активни проекти.

Осврнувајќи се на економската соработка, Јилмаз ја повтори целта на Организацијата за исламска соработка -ОИЦ за зголемување на внатрешната трговска размена во рамките на блокот на 25 отсто.

Тој ја нагласи важноста од проширување на членството во Системот за преференцијална трговија меѓу земјите членки на ОИЦ, додавајќи дека поддршката на овој механизам преку услуги, инвестиции, дигитална трговија и олеснување на трговијата ќе ја забрза соработката.

Јилмаз истакна дека годинашната министерска сесија за размена на мислења била посветена на развивање ефикасни инструменти за трговско финансирање, со цел поттикнување на извозот, особено кај малите и средните претпријатија.

Тој изрази уверување дека разговорите за извозни кредити, гаранции и механизми за осигурување, финансирање на синџирите на снабдување, инструменти за исламско финансирање и дигитални решенија ќе постават основа за нови партнерства.

За да се обезбеди предвидливо деловно опкружување, Јилмаз повика на зајакнување на институционалната инфраструктура на Арбитражниот центар на ОИЦ, со цел брзо и правично решавање на трговските и инвестициските спорови.

Тој повика и на брзо ставање во функција на Исламскиот форум на тела за акредитација на халал производи, врз основа на стандардите на Институтот за стандарди и метрологија за исламските земји, со цел да се олесни меѓусебното признавање на халал сертификатите и да се отстранат трговските бариери.

Во рамките на механизмот на ЦОМЦЕЦ за финансирање проекти, Јилмаз соопшти дека оваа година се спроведуваат 31 проект во областите на образованието, техничката соработка, дигиталните капацитети и институционалниот развој. Со тоа вкупниот број поддржани проекти од 2013 година достигна 209, со учество на сите земји членки.

На маргините на самитот 24 земји и 12 меѓународни организации одржале 62 билатерални средби, според потпретседателот.

Јилмаз соопшти дека министерската сесија за размена на мислења следната година ќе биде посветена на користењето инструменти за исламско финансирање за обезбедување сигурност во снабдувањето со храна, оценувајќи дека оваа тема е од клучно значење за развојните приоритети на земјите членки.

Повеќе
Катар: САД и Иран ги разгледуваат предлозите со цел постигнување договор
Украинскиот претседател во посета на Берлин на разговори со Мерц
Ердоган: Разговаравме за постигнување на целта од 15 милијарди долари размена со Јужна Кореја
Неколку училишта блокирани низ Франција, илјадници луѓе се очекува да се приклучат на протестите
Виткоф: САД ќе посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина на 10 и 11 ноември
Израел заплени над 26 дунуми палестинска земја на окупираниот Западен Брег
Иран испрати „цврст и рационален“ одговор до САД; „топката е кај Америка“ за да се спречи војна
Волстрит џурнал: САД извршија напади врз иранскиот остров Кешм
Речиси 70 повредени додека Русија и Украина разменуваат обвинувања за ноќните воздушни напади
Нетанјаху повика на формирање широка национална влада под негово водство, без арапските партии
Анкети: Демократите во водство во сите 7 клучни трки за Сенатот пред изборите во вторник
Грција забрани протест поради пристанување на израелски крузер на островот Сирос
Ибрахимовиќ: Црна Гора не се согласува со ирационалните барања на Хрватска
Арагчи: Иран спроведува интензивна шатл-дипломатија преку Катар и Пакистан
Туркије врати 100 културни артефакти од САД