| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Самит ЕУ-Западен Балкан: Потпишан договорот за роаминг тарифите
На Самитот за Западен Балкан-Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и Западен Балкан потпишаа договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.
Самит ЕУ-Западен Балкан: Потпишан договорот за роаминг тарифите
Пратеници на Европскиот парламент бараат бесплатен роаминг на Балканот / Others
6 декември 2022

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и Западен Балкан потпишаа договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.

Со договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.

На потпишувањето на договорот присуствуваа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и лидерите на земјите од регионот, вклучително и премиерот на Албанија Еди Рама, Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

По долги преговори Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите.

Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Владината делегација на Самитот од Северна Македонија, ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец