| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Европската Унија ја замрзна соработката со израелската полиција
Израелските власти за „Хаарец“ изјавија дека одлуката е прв европски показател дека промената на израелската политика на окупираниот Западен Брег ќе ѝ наштети на соработката со ЕУ.
Европската Унија ја замрзна соработката со израелската полиција
Израелските власти за „Хаарец“ изјавија дека одлуката е прв европски показател дека промената на израелската политика на окупираниот Западен Брег ќе ѝ наштети на соработката со ЕУ.          Фото: Ројтерс / Others
7 декември 2022

Европската Унија (ЕУ) ја замрзна соработката со израелската полиција поради загриженоста во врска со политиката на новата Влада.

Во септември Израел и ЕУ потпишаа Нацрт-договор за подобрување на преносот на разузнавачки информации. Договорот треба да го одобри Европскиот парламент.

„ЕУ го информира израелскиот амбасадор Хаим Регев дека засега ќе престане да работи на Нацрт-договорот за разузнавачка соработка меѓу израелската полиција и Европската полициска агенција „Европол““, пишува весникот „Хаарец“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Според весникот, на Регев му е врачено решението за одлуката за замрзнување на соработката минатиот петок.

Израелските власти за „Хаарец“ изјавија дека одлуката е прв европски показател дека промената на израелската политика на окупираниот Западен Брег ќе ѝ наштети на соработката со ЕУ.

Во понеделникот, челникот на Одделот на ЕУ за соработка на спроведувачите на законот, Роб Розенберг, истакна дека „конечниот договор може да вклучува мали исклучоци“, ограничени на „ситуацијата на материјалните закани и потребата од заштита на цивилното население“.

Според „Хаарец“, новиот договор се очекува да содржи клаузула со која ќе се спречи Израел, информациите што ќе ги добие од Европа, да ги користи на палестинските територии окупирани во 1967 година.

Меѓународното право ги смета Западниот Брег и Источен Кудс (Источен Ерусалим) како окупирани територии, и сите активности на изградба на еврејските населби на тие територии ги смета за нелегални.

Мандатарот за состав на израелската Влада, Бенјамин Нетанјаху, се согласи да му го понуди на екстремно десничарскиот политичар Итамар Бен-Гвир ресорот министер за национална безбедност во новата Влада, потег што предизвика регионална и меѓународна загриженост.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири