| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Претседателот на Перу приведен по обидот за распуштање на Конгресот
Кастиљо беше приведен неколку часа по телевизискиот говор во кој рече дека планира да го распушти Конгресот, последен обид да ја задржи власта пред претстојниот импичмент.
Претседателот на Перу приведен по обидот за распуштање на Конгресот
Тој е приведен неколку часа по телевизискиот говор во кој рече дека планира да го распушти Конгресот, последен обид да ја задржи власта пред претстојниот импичмент.        Фото: Ројтерс / Others
8 декември 2022

Претседателот на Перу, Педро Кастиљо, синоќа е приведен и префрлен во затвор, откако беше обвинет поради бунт по обидот за распуштање на Конгресот.

Кастиљо беше одведен во затворот „Барбадило“ во подрачјето на Ате во главниот град Лима.

Тој е приведен неколку часа по телевизискиот говор во кој рече дека планира да го распушти Конгресот, последен обид да ја задржи власта пред претстојниот импичмент.

Дина Болуарте положи заклетва како нова претседателка на Перу, првата жена на оваа функција во земјата.

Потегот на Кастиљо беше веднаш осуден од политичките сили, меѓу кои и од партијата што го донесе на власт, Перу Либре (Слободен Перу), а потоа следуваа и серија оставки на Кабинетот.

Болуарте, која беше потпретседателка, синоќа, исто така го отфрли потегот на Кастиљо „за рушење на уставниот поредок со распуштање на Конгресот“, додека Народниот правобранител, обидот за распуштање на Конгресот го нарече „државен удар“.

По хаосот создаден од изјавата на Кастиљо, локалните медиуми објавија дека претседателот тргнал во Мексиканската амбасада во главниот град Лима да побара азил.

Во видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата го пресретнала неговиот автомобил и го привела.

Сто и еден пратеник гласаа „за“, 6 „против“ и 10 беа „воздржани“ за смена на Кастиљо, наведувајќи ја како причина „трајната морална неспособност“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан