| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Тошковски: Бројот на загинати во сообраќајни несреќи намален за 35 проценти
И натаму имаме речиси двојно повисока стапка на смртност во сообраќајот од ЕУ, каде таа изнесува околу 43 до 44 жртви на еден милион жители, а во земјава се движи меѓу 78 и 80 жртви на милион жители, изјави министерот за внатрешни работи Тошковски
Тошковски: Бројот на загинати во сообраќајни несреќи намален за 35 проценти
Тошковски во Собранието го образложи Предлогот - Национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година

До 27 август годинава, на патиштата во државата загинале 59 лица, што е за повеќе од 35 проценти помалку во споредба со истиот период лани, кога биле евидентирани 96 жртви, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, каде што ја образложи Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030.

Според Тошковски, во текот на целата 2025 година, во сообраќајни незгоди загинале 132 лица, додека во 2024 година животот го загубиле 142 лица.

Тошковски посочи дека Македонија и натаму има речиси двојно повисока стапка на смртност во сообраќајот од европскиот просек. Во Европската Унија таа изнесува околу 43 до 44 жртви на еден милион жители, додека во земјава се движи меѓу 78 и 80 жртви на милион жители.

Според министерот, главната цел на стратегијата е спасување човечки животи.

„Стратегијата е изготвена врз основа на светската рамка кон која се стреми секоја европска држава, а тоа се Визија Зеро (Vision Zero) и Сејф Систем (Safe System). Тоа е рамка чија цел е до крајот на 2050 година да имаме нула жртви како последица на непочитување на сообраќајните правила“, порача Тошковски.

Пред членовите на Комисијата, министерот нагласи дека документот предвидува до 2030 година бројот на сообраќајни незгоди да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година- од околу 8.500 на приближно 4.250 незгоди.

Целта е и бројот на загинати лица да се преполови, од 142 на 71, а бројот на тешко повредени да се намали од околу 1.100 на 550 лица.

Стратегијата предвидува и зголемување на употребата на сигурносни појаси и заштитни шлемови на над 90 проценти.

Според предложената стратегија за периодот 2026-2030 година, меѓу клучните приоритети се подобрувањето на управувањето со безбедноста во сообраќајот, развојот на побезбедна патна инфраструктура, зајакнувањето на безбедноста на возилата, унапредувањето на сообраќајната култура и едукацијата, како и подобрувањето на системот за итна помош по сообраќајни незгоди.

Документот е заснован на принципот „Секој живот е важен“ и предвидува примена на концептот „Безбеден систем“, со поголема институционална координација, употреба на современи технологии и засилени превентивни и контролни мерки.

Предлог-стратегијата предвидува и воспоставување национален систем за интелигентен мониторинг и управување со сообраќајот, редовни безбедносни ревизии на патиштата, унапредување на техничката исправност на возилата и континуирана едукација на сите учесници во сообраќајот.

По расправата, Комисијата за одбрана и безбедност го утврди текстот на Предлог-стратегијата и го проследи на натамошно разгледување на пленарна седница.

Повеќе
Шести смртен случај од западнонилска треска, почина 72-годишен пациент
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
Деветмина загинати во украинскиот напад врз автобус во Луганск, окупиран од Русија
Танкер погоден од проектил во Ормускиот Теснец
Израелски воени авиони извршија воздушни напади врз Јужен Либан
Колумбија планира да ги притвори најопасните затвореници на отворено море
Поранешен извршен директор на ЏП Морган призна дека му дал доверливи информации на Епштајн
Нетанјаху предупредува дека Ликуд се соочува со изборен пораз „освен ако нешто не се промени“
Медиуми: Директорот на ЦИА во Москва ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО
Ирак тврди дека меѓународната коалиција ќе го заврши повлекувањето до 30 септември
Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 162, а повеќе од 1.000 се водат како исчезнати
Словенија ја блокира заедничката изјава на ЕУ за осуда на израелските планови на Западниот Брег
Фидан: Распуштањето на терористичката група ЈПГ би било добредојдено доколку се спроведе на терен
Зеленски го одликува Илон Маск со Орден на слободата
Претседателот на турскиот парламент: Израел се плаши од улогата на Туркије во регионалниот мир