| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
КФОР отстрани возила што останале од барикадите на северот на Косово
„Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патот и да ја врати слободата на движење во согласност со мандатот на ОН“, се вели во соопштението на КФОР.
КФОР отстрани возила што останале од барикадите на северот на Косово
КФОР отстрани возила што останале од барикадите на северот на Косово  / Photo: Reuters / Reuters
3 јануари 2023

Мисијата на НАТО на Косово (КФОР) започна со отстранување на некои возила оставени на патиштата на северот на Косово за да се врати слободата на движење.

„Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патот и да ја врати слободата на движење во согласност со мандатот на ОН“, се вели во соопштението на КФОР објавено на Твитер.

Во соопштението не се дадени детали за тоа од каде се отстранети возилата, но на барикадата на мостот на реката Ибр, во Општина Северна Митровица, останале два камиона, кои во текот на изминатата недела беа запалени од непознати лица.

Локалните Срби во северно Косово почнаа да ги отстрануваат барикадите во четвртокот, на 29 декември, по 20-дневна блокада на патиштата.

Во петокот, на 30 декември, беше отстранета последната барикада кај Зубин Поток, на патот што води кон граничниот пункт Брњак, додека косовската полиција истиот ден соопшти дека ги отворила граничните премини Јариње и Брњак.

Овие гранични премини се затворени од 10 декември кога беа поставени барикади на патиштата.

Одлуката за отстранување на барикадите дојде откако Основниот суд во Приштина на барање на Специјалното обвинителство на Косово му ја замени мерката притвор на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ со куќен притвор поради здравствени причини и поради немање услови и законски права што му припаѓаат како притвореник.

Пантиќ е обвинет за нарушување на уставниот поредок на Косово и за терористички акт за организирање на нападот врз службениците на Централната изборна комисија на северот на Косово.

Српските претставници на почетокот на ноември ги напуштија сите косовски институции поради одлуката на Владата на Косово за задолжителна пререгистрација на возилата со регистарски таблички РКС.

Оваа одлука беше одложена на неодредено време поради високите тензии на северот на Косово и ризикот од ескалација на ситуацијата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец