Ердоган: Можна е средба на лидерите на Туркије, Русија и Сирија

„Во зависност од развојот на настаните, ние може да се сретнеме на ниво на лидери на Русија, Туркије и Сирија. Значи, нашата цел е воспоставување мир и стабилност во регионот.“

By Адмир Фазлагиќ
Ердоган: Можна е средба на лидерите на Туркије, Русија и Сирија        Фото: АА / Others

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска истакна дека по претстојниот состанок на министрите за надворешни работи, можна е и средба на лидерите на Русија, Туркије и Сирија, на разговори за мирот и стабилноста во Сирија, во зависност од развојот на настаните.

„Во зависност од развојот на настаните, ние може да се сретнеме на ниво на лидери на Русија, Туркије и Сирија. Значи, нашата цел е воспоставување мир и стабилност во регионот“, рече Ердоган во обраќањето на состанокот на челниците на области од Партијата на правдата и развојот (AK Parti) во главниот град Анкара.

„Турскиот, рускиот и сирискиот министер за одбрана и шефовите на разузнавањето одржаа средба во Москва“, рече Ердоган и изрази надеж дека и министрите за надворешни работи ќе се сретнат во истиот трилатерален формат.

На 28 декември, турскиот, рускиот и сирискиот министер за одбрана се состанаа во Москва за да разговараат за чекорите во борбата против тероризмот во Сирија и се согласија да продолжат со трипартитните состаноци со цел осигурување на стабилноста во Сирија и во поширокиот регион.

На средбата се говореше за сириската криза, бегалското прашање и за заедничката антитерористичка борба против сите терористички организации во Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека вториот состанок би можел да се одржи во средината на јануари.