Македонските војници асистираа за извлекување на 5 годишно дете

Армискиот тим добил информација дека под рушевините е регистриран човечки глас и најпрво поминале шест часа во расчистување на теренот. Заедно со турскиот тим за потрага и спасување асистирале во речиси четиричасовно извлекување на малиот Сулејман.

By Христијан Станоевиќ
Тимот на АРСМ учествува во спасувачките акции во Кахраманмараш     Фото: АРСМ / Others

Припадниците на специјалниот тим за потрага и спасување на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од спасувачката мисија во Туркије асистираа при извлекувањето на петгодишниот Сулејман во Кахраманмараш.

„Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините“, соопштија од АРСМ.

Армискиот тим добил информација дека под рушевините е регистриран човечки глас и најпрво поминале шест часа во расчистување на теренот. Заедно со турскиот тим за потрага и спасување асистирале во речиси четиричасовно извлекување на малиот Сулејман.

На детето му е укажана прва помош и е пренесено на дополнителни медицински прегледи, на четвртиот ден од првичниот удар на земјотресот со епицентар во Кахраманмараш.