Ердоган: Соочени сме со една од најголемите катастрофи во историјата
Ердоган вети дека ќе го обнови јужниот регион погоден од земјотресот како дел од едногодишниот план.
Туркије е соочена со една од најголемите катастрофи во историјата, изјави во петокот претседателот Реџеп Таип Ердоган во врска со смртоносните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот регион на земјата.
„Како нација, се соочуваме со една од најголемите катастрофи во нашата историја“, рече Ердоган додека правеше увидуваше во напорите за пребарување и спасување во провинцијата Адијаман, каде што се сретна со жртвите од земјотресот.
Тој додаде дека „сериозни“ уништувања се случиле во 10 провинции.
Ердоган рече дека најмалку 18.991 лице загинале, а 75.523 други се повредени од двата земјотреси, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, што ја погодија јужна Туркије во понеделникот.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Ердоган вети дека ќе го обнови јужниот регион погоден од земјотресот како дел од едногодишниот план.
„Ќе обезбедиме нашите граѓани кои не сакаат да останат во шатори да можат да се преселат во живеалишта и ќе им ја плаќаме киријата за една година“, рече тој.
Исто така, претседателот ги повика граѓаните да не им даваат признание на оние кои ги злоупотребуваат единството и солидарноста во вакво време.
Подоцна тој ќе ја посети Малатија за да се сретне со жртвите од земјотресот.