| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Иницијативата „35x35“ има за цел да го зголеми учеството на електричната енергија во глобалната финална потрошувачка на енергија на 35 отсто до 2035 година, а поддршка изразија и 94 организации
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Претставници од повеќе од 160 земји учествуваат во интензивни преговори на COP31, со цел да се забрзаат климатските активности / Anadolu Agency (Wire)

Вкупно 75 земји и 94 институции и организации сега ја поддржуваат глобалната цел на Туркије за електрификација, објавена за време на нејзиното претседавање со КОП31, додека климатските преговори во Анталија се фокусираат на претворање на заложбите во конкретни дејствија.

Иницијативата, позната како „35x35“, има за цел да го зголеми учеството на електричната енергија во глобалната финална потрошувачка на енергија на 35 отсто до 2035 година, што е пораст од сегашните околу 22 отсто.

Според информациите што агенцијата „Анадолу“ ги доби од претседателството на КОП31, до средата, 75 земји изразиле поддршка за оваа цел.

Меѓу поддржувачите се Германија, Обединетото Кралство, Норвешка, Јужна Кореја, Шпанија, Јапонија, Данска, Канада и Киргистан. Европската комисија, исто така, ја потврди поддршката од страна на ЕУ.

Австралија, која претседава со преговорите на КОП31, претходно изјави дека е меѓу првите потписнички на заложбата за електрификација.

Покрај тоа, 94 организации од деловниот сектор и граѓанското општество, исто така, изјавија дека ја поддржуваат иницијативата.

Оваа цел е вклучена во првиот нацрт-текст објавен по првата недела од преговорите на самитот, кој се одржува во турскиот медитерански град Анталија.

Поддршка за глобалните климатски заложби

Иницијативата „35x35“ има за цел да ја забрза транзицијата кон чиста енергија и да ги поддржи заложбите преземени во рамките на Парискиот договор.

Исто така, се очекува таа да придонесе кон исполнување на ветувањата усвоени на КОП28 во Дубаи- за тројно зголемување на глобалниот капацитет за обновлива енергија и удвојување на стапката на подобрување на енергетската ефикасност до 2030 година.

Електрификацијата се смета за клучен дел од напорите за намалување на емисиите и ограничување на глобалното затоплување што е можно поблиску до 1,5°C над прединдустриските нивоа.

Неодамнешните извештаи од областа на климатските науки предупредуваат дека постои многу висок ризик глобалните температури да го надминат прагот од 1,5°C, при што брзото намалување на емисиите би можело да помогне да се поништи таквото надминување.

Претставници од повеќе од 160 земји учествуваат во интензивни преговори на КОП31, со цел да се забрзаат климатските активности и постоечките заложби да се преточат во конкретна реализација.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Кац: Може да заземеме дополнителни територии во Газа, Либан и Сирија