Најмалку еден загинат во трамвајска несреќа во Милано

Трамвајот излетал од шините и удрил во станбена зграда, а причината за несреќата во која се повредени околу 40 патници сè уште е непозната

By
Полицијата го блокирала целиот простор околу местото на несреќата, кое се наоѓа веднаш до историскиот центар на Милано / Reuters

Најмалку едно лице загина, а околу 40 други се повредени во трамвајска несреќа во Милано во петокот, потврди полициската управа на северниот италијански град.

Трамвајот излетал од шините и удрил во станбена зграда, а причината за несреќата сè уште е непозната.

Полицијата го блокирала целиот простор околу местото на несреќата, кое се наоѓа веднаш до историскиот центар на Милано, спречувајќи пристап на граѓаните.

„Слушнав гласна детонација“, изјави за агенцијата Франс Прес 17-годишната Ана, која во времето на несреќата била во блиската канцеларија.

„Видов дека дел од трамвајот удрил во продавница“, додаде сведок.

Еден од патниците изјави за италијанската новинска агенција Ансу дека прво помислил дека е земјотрес.

„Седев и одеднаш се најдов на подот со другите патници. Беше ужасно“, рече тој.