| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје
Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а најавено е дека во следниот период ќе следи и втората.
Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје
Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје / AA Archive

На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик Енерџи“ („Helleniq Energy“), Андреас Сиамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, за дописничката на МИА од Атина, ја потврдуваат и извори од грчката компанија.

Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а според истите информации, во следниот период ќе следи и втората.

Извршниот директот на грчката компанија, на вчерашниот настан истакнал дека во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво, кое е основниот производ во поширокиот регион.

Дополнително, според АНА-МПА, посочил дека работењето на нафтоводот ги олеснува извозите не само кон Северна Македонија, туку и кон соседните пазари како Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичкиот отпечаток на земјата во регионот.

Но, и дека се намалува значителниот сообраќаен метеж и оптоварувањето на животната средина во Солун, поради сообраќајот на цистерни, преку кои се вршеше снабдувањето во изминатите 13 години, односно во периодот кога работата на нафтоводот беше прекината.

Премиерот Христијан Мицкоски на крајот на ноември рече дека Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто со години не е во функција и најави дека се очекува нафтоводот да почне со работа.

„Ние како држава ги спроведуваме сите чекори тој продуктовод, којшто долги години беше уништуван и којшто беше конзервиран, да биде ставен во функција. Траат испитувањата, мислам дека е веќе завршено. Треба да почнат пробите на притисок, ако не се веќе и почнати. Знам на Влада помина и ценовникот. Така што очекувам оваа година тој продуктовод да биде ставен во функција“, изјави Мицкоски на крајот на ноември и посочи дека по ставањето во функција на продуктовод од Солун до Скопје компаниите се тие кои доколку најдат интерес да го користат, бидејќи како Влада не можат да го водат бизнисот на сметка на приватните компании или акционерски друштва.

Пред две години, во интервју за „Катимерини“, извршниот директор на „Хеленик Енерџи“, Сиамисис, говорејќи за нафтоводот посочи дека може годишно да пренесува 2,5 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати (дизел, керозин и бензин).

Нафтоводот беше неактивен од 2013 година, а од 2020 година се интензивираа напорите кога беше формирана заедничка комисија за да изнајде области на поклопување меѓу инволвираните страни, во поповолна средина, за повторно да биде ставен во функција.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израел уби уште тројца Палестинци во Газа, бројот на убеини се искачи на близу 73.350
Вучиќ вели дека нема да ја напушти земјата ако владејачката партија ги изгуби изборите
Салам се сретна со комесарот за човекови права на ОН и поддржа собирање докази за воени злосторства
Иран пак ја предупреди Софија за распоредувањето на американски воени авиони во Бугарија
ЕУ распоредува авиони и пожарникари за борба против пожарите во Франција и Шпанија
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Во приватна тужба за проневера се бара 13 години затвор за сопругата на шпанскиот премиер Санчез
Иран порача дека нема да дозволи САД да го одредат времето на војна и мир
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп