| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Американски советник: Суданската Армија и РСФ се согласиja за хуманитарен план за примирје во Судан
„Двете страни се согласија во принцип и досега немаме забележано почетни приговори од ниту една од нив. Сега се фокусираме на фините детали“ изјави Булос
Американски советник: Суданската Армија и РСФ се согласиja за хуманитарен план за примирје во Судан
Американски советник: Суданската Армија и РСФ се согласиja за хуманитарен план за примирје во Судан / AA

Високиот советник на САД за арапски и африкански прашања, Масад Булос, изјави дека се во тек напори за постигнување хуманитарно примирје во Судан, откако суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се согласиле во принцип со почетен план.

„Двете страни се согласија во принцип и досега немаме забележано почетни приговори од ниту една од нив. Сега се фокусираме на фините детали“, изјави Булос вчера, пренесе порталот „Судан трибјун“.

Булос нагласи дека тековната иницијатива, која има за цел постигнување заемно разбирање за целосен прекин на огнот и фаза по примирје во Судан, е во рамки на договорот постигнат од Меѓународниот квартет во Вашингтон во септември.

На 12 септември, квартетот составен од САД, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) повикаа на тримесечно хуманитарно примирје во Судан, со цел овозможување испорака на итна помош во сите области – како чекор кон траен прекин на непријателствата.

Комитетот предводен од САД, исто така, предложи деветмесечен транзициски процес по иницијалното примирје, кој би овозможил формирање независна, цивилна влада во Судан.

Булос истакна дека во моментов нема директни или индиректни преговори меѓу РСФ и суданската Армија, но дека процесот се води преку посебна американска дипломатска комуникација.

Тој ја опиша хуманитарната состојба во Ел-Фашер, главниот град на Северен Дарфур, како „многу итна и болна“, нагласувајќи дека Вашингтон ги осудува злосторствата врз цивилите во градот.

На 26 октомври, РСФ го зазеде градот Ел-Фашер и, според локални и меѓународни организации, изврши масакри врз цивилите, што предизвика стравувања дека нападот може да доведе до територијална поделба на Судан.

„Нашата примарна загриженост сега е итно справување со хуманитарната состојба, постигнување траен мир и зачувување на единството на Судан“, рече Булос.

Во објава на американската социјална мрежа X денес, советникот повторно ги осуди „ужасните злосторства против цивилите во Ел-Фашер“ и повика на итна акција за заштита на населението и запирање на насилството.

Неговите најнови изјави дојдоа по средбата со генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абу ел Гејт, на која биле разгледани најновите случувања и итните предизвици во регионот.

Од 15 април 2023 година, суданската Армија и РСФ се во војна која регионалните и меѓународните посредници сè уште не успеале да ја прекинат. Конфликтот досега однесе илјадници животи и предизвика раселување на милиони луѓе.

Повеќе
Двајца загинаа при пад на американски хеликоптер „Апачи“ во Тексас
Бројот на жртви од земјотресот во Колумбија се искачи на 265
Иран: Ормускиот теснец нема да биде отворен додека не бидат прифатени нашите услови
Ердоган: Поддршката за Палестина е заедничка одговорност на целото човештво
Австралиски истражувачи одгледуваат ткиво од човечки срцев залисток од матични клетки
Сирија протестираше до ОН поради признавањето на израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина
Уште 13 хотели за баратели на азил затворени низ Велика Британија, соопшти Министерството за внатрешни работи
Израел урна 26 палестински објекти за да отвори пат за нелегални населби во Џенин
Дронски напад врз централа во Либија предизвика пожар
Над 150 цивили загинале во американските напади врз Јемен минатата година
Бројот на загинати во силниот земјотрес во Колумбија се искачи на 169
Фидан се сретна со либискиот премиер во Триполи
Сопругата на израелскиот премиер обвинета за малтретирање на персоналот во домаќинството
ОН открива шема на напади, тортура и сексуално насилство од страна на војската на Мјанмар
Романија може да исклучи нуклеарен реактор поради ниското ниво на Дунав
Итна вежба на германски брз воз открива потенцијално смртоносни неуспеси при спасување
Виетнам започнува со изградба на својот најголем и најнапреден воен брод произведен во земјата
Над 130 загинати во силниот земјотрес во Колумбија
Над 1,5 милиони луѓе евакуирани поради тајфунот „Делфин“ што ја погоди источна Кина
Фидан: Договорот за заедничка одбрана од Мека технички е ист како членот 5 на НАТО