| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Средба Чавушоглу-Конаковиќ: Тимови од БиХ спасија 26 лица по земјотресот
Чавушоглу во Анкара се состана со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, а по состанокот изјави дека БиХ упатила пораки на сочувство, а потоа и помош на Туркије по разорните земјотреси на југот на земјата.
Средба Чавушоглу-Конаковиќ: Тимови од БиХ спасија 26 лица по земјотресот
Средба Чавушоглу-Конаковиќ: Тимови од БиХ спасија 26 лица по земјотресот / Photo: AA / AA
15 февруари 2023

Министерот за надворешни работи на Република Туркије Мевлут Чавушоглу упати благодарност до Босна и Херцеговина на помошта укажана по разорните земјотреси и додаде дека спасувачките екипи од БиХ спасија 26 лица од под урнатините.

Чавушоглу во Анкара се состана со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, а по состанокот за новинарите изјави дека БиХ упатила пораки на сочувство, а потоа и помош на Туркије по разорните земјотреси на југот на земјата.

„Тринаесет тимови за пребарување и спасување од 234 лица од Босна и Херцеговина пристигнаа во Туркије веднаш по земјотресот. Тие работат напорно во Хатај, Адијаман и Кахраманмараш и спасија 26 лица од урнатините до 12 февруари. Тие исто така испратија шатори за погодените од земјотресот и вети финансиска помош“, рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека Ријасетот на Исламската заедница, Црвениот крст, локалните власти и невладините организации се вклучени во набавката на хуманитарна помош во БиХ, Чавушоглу рече дека во Туркије пристигнала 30 тони хуманитарна помош од БиХ.

„Гледаме навистина одлична реакција од Босна и Херцеговина. Како што можевте да видите на вестите, 12-годишниот брат Бенјамин Механовиќ собирал пари продавајќи чај по улиците на Сараево. Му ги бакнувам очите на нашиот брат Бенjамин. Заштедените пари за црни денови босанската баба ги даде на волонтери пред џамијата и побара да ни ги достават. Ние ги бакнуваме рацете на нашата добра баба од Босна“, рече Чавушоглу.

Чавушоглу, исто така, рече дека Туркије ја цени помошта што ја добива од целиот свет во овие тешки моменти по земјотресот и додаде дека на својот колега Конаковиќ му посакува успешен мандат на функцијата министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина. „Ние работиме заедно на дополнително зајакнување на нашите историски и културни врски со Босна и Херцеговина. Придаваме големо значење на мирот, просперитетот и стабилноста на Босна и Херцеговина. Силно го поддржуваме нејзиниот територијален интегритет и суверенитет“, рече Чавушоглу.

Изразувајќи го своето задоволство од формирањето на Советот на министри на Босна и Херцеговина за пократко време од очекуваното, Чавушоглу рече дека наскоро ќе се формира влада на федерално и кантонско ниво.

„Задоволни сме и што Босна и Херцеговина доби датум за преговори со Европската унија и доби кандидатски статус. Силно ја поддржуваме евроатлантската интеграција на сите земји од Западен Балкан“, рече Чавушоглу.

Чавушоглу понатаму рече дека стотина земји и понудиле помош на Туркије по земјотресот, а на теренот моментално работат 7.606 спасувачи од 76 земји, додека се очекува пристигнување на уште 712 спасувачи од уште две земји. Тој додаде дека спасувачките тимови се вратиле во 12 земји од кои дошле, меѓу кои и соседна Грција.

Тој предупреди и на дезинформации и неосновани обвинувања кои се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи за странски спасувачки тимови.

„За жал, значителен дел од оние што го прават тоа се наши медиуми, наши корисници на социјалните мрежи. Не разбирам која е нивната цел, каква корист имаат од тоа, но тоа е безобразно кон тие земји, бидејќи тие спасители дојдоа со добри намери и ни помогнаа“, рече Чавушоглу.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири