Како ТикТок толку добро ве „познава“?
Како ТикТок толку добро ве „познава“?Клучно за успехот на ТикТок е во алгоритмот. Хм, што е тоа? Алгоритам во основа е сет на инструкции или правила кои платформата ги следи за да одреди што да активира за да го добие најдобриот резултат
00:00
Како TikTok толку добро ве познава? / TRT Global
16 декември 2024

Дали некогаш сте помислиле дека ТикТок како да знае што точно сакате да гледате, дури и пред да скролнете? Како да ви ги чита мислите, нели? Епа, не сте само вие. Ајде, да се обидеме да откриеме како!

Клучно за успехот на ТикТок е во алгоритмот. Хм, што е тоа? Алгоритам во основа е сет на инструкции или правила кои платформата ги следи за да одреди што да активира за да го добие најдобриот резултат.

Алгоритмот на ТикТок е како ваш личен дигитален водич. Претходно се веруваше дека поврзувањето на корисниците преку социјалните мрежи е клучно за успех. ТикТок тргна по друг пат. Секогаш кога нешто ќе лајкнете, коментирате или споделите, алгоритмот тоа го забележува и ви нуди слични содржини. Доста паметно, нели?

Форматот на кратки видеа на ТикТок игра огромна улога за алгоритмот да биде динамичен и приспособлив, без разлика дали скролате наутро, за време на паузата за ручек или доцна навечер, ТикТок добро знае каква содржина сакате да гледате.

Додека ЈуТјуб учи за вас од долги видеа, ТикТок впива информации од секоја секунда што ја гледате.

Друга предност на ТикТок во споредба со останатите мрежи е што од старт е креиран за смартфон, што го прави совршен за брзи, кратки видеа. ТикТок повремено ги изненадува корисниците со видеа од други категории, што му дава впечаток на динамика и свежина.

Алгоритмот е сржта на ТикТок и е толку значаен што компанијата БајтДенс попрво би ја изгасила апликацијата отколку да го продаде.

И, тоа е речиси се што треба да знаете. Следниот пат кога ќе скролате низ ТикТок и ќе видите содржина како да е направена само за вас, потсетете се дека, токму тоа е и замислата.

Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната