| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Европските лиги загрижени поради промените на ФИФА за светските турнири
„Сите овие одлуки ФИФА ги донесе еднострано, без никаков консултативен процес со многуте учесници во фудбалот и лигите. За жал, ова стана навика во последните години“.
Европските лиги загрижени поради промените на ФИФА за светските турнири
Европските лиги загрижени поради промените на ФИФА за светските турнири / Photo: AA / AA

Европските фудбалски лиги се загрижени од одлуките на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за воведување на ново Светско клупско првенство со 32 клубови учесници и за проширување на Светското првенство во 2026 година на 104 натпревари, се вели во соопштението на лигите.

Во пресрет на својот конгрес во Кигали (Руанда), Светската фудбалска асоцијација објави дека на следниот Мундијал ќе играат 48 репрезентации и дека 32 селекции ќе играат на Светското клупско првенство на секои четири години, почнувајќи од јуни 2025 година.

„Европските лиги се загрижени од најавите на Советот на ФИФА“, се вели во соопштението на асоцијацијата, која претставува повеќе од 1.000 клубови во 37 професионални европски лиги.

„Сите овие одлуки ФИФА ги донесе еднострано, без никаков консултативен процес со многуте учесници во фудбалот и лигите. За жал, ова стана навика во последните години“.

Што понатаму?

Од асоцијацијата на европските лиги додаваат дека соработуваат со Светскиот форум на лиги со цел заеднички да одлучат кои следни чекори ќе ги преземат како одговор на одлуките на ФИФА.

Шпанската Ла Лига во средата, на 15 март, соопшти дека ФИФА покажува „целосна незаинтересираност“ за важноста на националните натпреварувања и дека светската фудбалска куќа „продолжува со лошата практика на донесување еднострани одлуки кога станува збор за фудбалскиот календар“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран