Лидерите на Студентска листа побараа граѓаните да не посегнуваат по насилство, а во Израел се одржуваат избори
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 27 октомври
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Илија Срдановиќ, носителот на „Студентската листа“, ги повика граѓаните на Србија да не посегнуваат по никаков вид насилство. Неговиот апел следеше откако група граѓани упаднаа во српскиот медиум „Информер“ по што интервенираше и полицијата, а осуда стигна од политичките фактори.
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије
Претседателот Реџеп Таип Ердоган ја потврди посветеноста на Туркије да ги брани своите поморски права и интереси во Источниот Медитеран. Надворешната политика на Туркије е водена од сопствените интереси и Анкара нема да се двоуми да ги преземе чекорите кои ги смета за правилни, дури кога и за тоа ќе се плати одредена цена.
Трамп се сомнева во регуларноста на изборите во Бразил
Американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање регуларноста на вториот круг на претседателски избори во Бразил, на кои победи левичарскиот кандидат Луиз Инасио Лула да Силва, опишувајќи го гласањето како „наместено“ и „корумпирано“, без да даде докази за да ги поткрепи тврдењата.
Дронски напад остави големи делови од суданската престолнина без струја
Напад со беспилотно летало врз трафостаница во Омдурман, западно од суданскиот главен град Картум, предизвика масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Зад инцидентот постојат сомнежи дека стојат паравоените Сили за брза поддршка.
И за крај на денешниот блиц…
Израелската опозиција повика да се стави крај на владеењето на Нетанјаху
Лидерите на израелската опозиција ги повикаа гласачите масовно да излезат на парламентарните избори, со цел да стават крај на владеењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Гласањето започна во 7 часот наутро и ќе трае до 22 часот.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи






















