| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кина укина некои од царините за увозот од САД
Одлуката доаѓа по самитот што се одржа минатата недела во Јужна Кореја меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг и неговиот американски колега Доналд Трамп, на кој двете страни постигнаа договор за едногодишна соработка во трговијата и царините
Кина укина некои од царините за увозот од САД
Кина укина некои од царините за увозот од САД / Others

Кина денес соопшти дека ќе ги укине дополнителните царини од 24% воведени за одреден увоз од Соединетите Американски Држави (САД) на период од една година, пренесоа државните медиуми, јавува Анадолу.

Одлуката доаѓа по самитот што се одржа минатата недела во Јужна Кореја меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг и неговиот американски колега Доналд Трамп, на кој двете страни постигнаа договор за едногодишна соработка во трговијата и царините.

Сепак, Кина ќе ги задржи царините од 10%, соопшти Комисијата за царински тарифи при Државниот совет.

Новите мерки ќе стапат на сила во 13:01 часот на 10 ноември, се додава во соопштението.

Според Комисијата, одлуката „има цел да ги спроведе резултатите и договорите постигнати на економските и трговските разговори меѓу Кина и САД“.

Двете земји одржаа неколку рунди разговори за постигнување трговски договор, кој беше една од главните теми на самитот меѓу Си и Трамп во јужнокорејскиот пристаништен град Пусан на 30 октомври.

„Продолженото суспендирање на дел од дополнителните царини меѓу Кина и САД ќе помогне во унапредување на стабилен и одржлив развој на билатералните економски и трговски односи, ќе донесе придобивки за народите на двете земји и ќе придонесе за глобален просперитет“, соопшти Комисијата.

Дополнително, Кина ќе ги укине и дополнителните царински мерки наведени во претходната одлука за одреден увоз со потекло од САД.

Потсетуваме, во март годинава Кина воведе дополнителна царина од 15% на увозот на пилешко месо, пченица, пченка и памук од САД.

Сиракот, сојата, свинското и говедското месо, рибјите и млечните производи, како и овошјето и зеленчукот беа предмет на дополнителна царина од 10%.

На посебна прес-конференција во Пекинг портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека кинеската политика кон САД „останува доследна.“

„Секогаш ги гледаме и ги третираме односите со САД врз основа на принципите на заемна почит и соработка за заемна корист. Истовремено, цврсто ќе ги браниме нашиот суверенитет, безбедност и развојни интереси,, изјави Мао.

Таа додаде дека „одржливи и стабилни односи меѓу Кина и САД се во основен интерес на двата народа и токму тоа е она што го посакува меѓународната заедница“.

Повеќе
Руска фрегата истрелала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер
Надзорно тело на Пентагон: Војната со Иран откри стратегиски недостиг на американска муниција
Зеленски се сомнева дека Русија ќе го почитува примирјето за енергетските објекти што го најави Трам
Портпарол на владата: Германија ќе преземе нови чекори против шпионажа и саботажа
Американски суд го блокира новото правило на администрацијата на Трамп за визи за странски студенти
Ердоган: Договорот за одбрана од Мека испраќа сигнал до исламскиот свет
Во израелските напади низ Газа убиени тројца Палестинци, над 30 повредени
Десничарската АФД во Германија со рекордна поддршка од 30 %
Карни: Канада сака „уникатен сојуз“ со ЕУ, не сака да биде членка на унијата
Авиони на НАТО соборија беспилотно летало во воздушниот простор на Литванија
Зеленски го разреши главниот обвинител
Трамп: Имаме доволно надзор над ВИ фирмите, застојот и оди во прилог само на Кина
Фидан: При разговорите во Дамаск дискутиравме за посетата на претседателот Ердоган на Сирија
Еден мигрант се удави во бродска несреќа близу Грција, 25 се водат за исчезнати
Ле Пен води во анкетите за претседателските избори во Франција