| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите
Со законот се прошируваат надлежностите на Националниот совет за телевизија и радиодифузија, кој станува единствен регулатор на масовните медиуми.
Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите
Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите / Photo: AA / AA
31 март 2023

Во Украина стапи во сила контроверзниот закон со кој на Владата и се дава овластување да забранува медиуми без судска пресуда.

Со законот, кој го изработи владејачката партија Слуга на народот, се прошируваат надлежностите на Националниот совет за телевизија и радиодифузија, кој станува единствен регулатор на масовните медиуми.

Советот има право да им праќа задолжителни инструкции на редакциите на сите медиуми, парично да ги казнува сите видови медиуми, да забранува работа на онлајн медиумите во период од 14 дена без судска одлука и да поништува регистрација на печатени публикации.

Регулаторот доби право да бара од провајдерите да го блокираат пристапот до интернет публикации без судска одлука, како и да бара од Јутјуб и Фејсбук да избришат каков било материјал и од Гугл да бришат информации од резултатите од пребарувањето.

Власта може да ја регулира и работата на кабловските и онлајн ТВ-операторите.

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) го повика Киев да го преиспита новиот закон и да започне широк дијалог со новинарските синдикати и медиумскиот сектор.

„Слободата и плурализмот на медиумите во Украина се во прашање според законот за медиумите“, се соопштува од ИФЈ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната