| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Од денес Тогг ќе го гледаме на патиштата
Ердоган рече дека турскиот електричен автомобил Тогг го достигна нивото на симбол на технолошки напредок, економски развој и глобална репутација на Туркије
Ердоган: Од денес Тогг ќе го гледаме на патиштата
Ердоган: Од денес Тогг ќе го гледаме на патиштата / Photo: AA / AA
3 април 2023

Првиот турски електричен автомобил Тогг излезе на патиштата денес по свечената испорака на претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган.

„Од денес почнуваме да го гледаме Тогг на патиштата“, рече Ердоган примајќи го првиот Тогг модел T10X на свеченоста во комплексот на Претседателската палата во Анкара.

Ердоган рече дека Тогг достигна сегашно ниво како симбол на технолошки напредок, економски развој и глобална репутација на Туркије.

Тој додаде дека овој револуционарен автомобил ќе ги краси улиците на Туркије, но и на целиот свет.

Заедно со првата дама Емине Ердоган, претседателот го испроба возењето на Тогг низ улиците во претседателскиот комплекс.

Цената на стандардниот модел T10X се движи од 953.000 турски лири (околу 50.200 американски долари) до 1.055.000 лири (околу 55.600 американски долари), додека цената на моделот „long-range“ изнесува 1.215.000 лири (околу 64.000 американски долари).

Со двете различни опции на батерии за моделот T10X со снага од 160 kW (218 коњски сили) со погон на задните тркала, клиентите можат да бираат меѓу возила со максимален опсег од 314 или 523 километри.

Првата верзија на T10X може да забрза од 0 до 100 km/h за 7,6 секунди, додека втората верзија, чија испорака ќе започне на 29 октомври, може да забрза од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди.

Втората верзија има погон на сите тркала, со моќност од 320 kW (435 коњски сили).

Батериите за возилото „Тогг T10X“ можат да се наполнат од 20 % на 80 % за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење. Купувачите можат да бираат и меѓу шест различни бои за ова модерно електрично возило.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец