| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган во Шанлиурфа: Ги подигнуваме градовите уништени во земјотресите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека ќе направи сѐ за да им помогнат на граѓаните погодени од земјотресите, а само вчера се врачени клучеви на 659 сопственици на станови и 61 деловен објект
Ердоган во Шанлиурфа: Ги подигнуваме градовите уништени во земјотресите
Ердоган во Шанлиурфа: Ги подигнуваме градовите уништени во земјотресите / Photo: AA / AA
17 април 2023

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во областа Шанлиурфа вчера присуствуваше на церемонијата на поставување камен-темелник за изградба на станбени објекти како и врачување клучеви на семејствата кои останаа без станови во неодамнешните земјотреси.

Тој потсети дека јужните турски области на 6 февруари Туркије ја потресле најразорните земјотреси во историјата на Туркије. Еден од градовите погоден од земјотресите е и Шанлиурфа.

Ердоган истакна дека ќе направи се за да им помогнат на граѓаните погодени од земјотресите, а само вчера се врачени клучеви на 659 сопственици на станови и 61 деловен објект. Тој повтори дека ќе изгради 650 илјади нови станбени објекти, од кои 319 илјади ќе бидат испорачани во рок од година дена.

„Додека ги подигнуваме нашите градови уништени во земјотресот, ние не градиме само нови домови. Практично, градиме нови градови со нови училишта, болници, потребна инфраструктура, паркови и деловни објекти“, рече Ердоган.

Тој порача дека и понатаму ќе биде со граѓаните се додека Шанлиурфа и другите градови погодени од земјотресите нема да бидат во подобра состојба.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари, ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинатите во разорните земјотреси кои кон почетокот на февруари го погодија југот на Туркије достигна 50.096. Околу 14 милиони луѓе во Туркије погодени се од разорните земјотреси, како и многумина на северот на Сирија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири