| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган ги предаде клучевите на обновените куќи разорени во земјотресите
Ердоган рече дека за 45 дена се завршени 10 станбени единици, чии клучеви им беа предадени на нивните сопственици по 60 дена откако е положен камен-темелникот.
Ердоган ги предаде клучевите на обновените куќи разорени во земјотресите
Ердоган ги предаде клучевите на обновените куќи разорени во земјотресите / Photo: AA / AA
23 април 2023

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера им ги предаде на сопствениците клучевите на обновените куќи што беа уништени во разорните земјотреси, а потоа беа обновени за само 60 дена.

Ердоган заедно со Девлет Бахчели, претседателот на Партијата за национално движење (МХП), престојуваше во турскиот град Газиантеп, каде во селата погодени од земјотресите вчера беше извршено предавање на клучевите на обновените станбени единици.

„Ќе продолжиме да работиме, не дозволувајќи никој да нè попречува, сè додека нашата земја ја направиме отпорна на природни непогоди“, рече Ердоган.

Тој потсети дека вчера бил точно 75. ден од разорните земјотреси и дека ги посетиле сите подрачја погодени од земјотресите.

Ердоган рече дека за 45 дена се завршени 10 станбени единици, чии клучеви им беа предадени на нивните сопственици по 60 дена откако е положен камен-темелникот.

„Посакувам овие куќи, кои со својата автентична архитектура, конструкција и сите други карактеристики се навистина убави зданија, да бидат од корист на домаќинствата“, рече Ердоган.

Тој додаде дека во тек е процесот на градба на повеќе од 105.000 станбени единици во подрачјата погодени од земјотресите.

„Досега го започнавме процесот на изградба на повеќе од 105.000 станбени единици (во погодените подрачја). За речиси половината од нив поставивме камен-темелник“, информираше претседателот на Туркије.

Ердоган зборуваше и за идните планови во контекст на заштита од земјотреси и кога станува збор за Истанбул.

„Неодамна со нашата нација споделивме добри вести за новата кампања за урбана трансформација на Истанбул. На нашите браќа и сестри во Истанбул, кои живеат во различни згради, им го претставивме предлогот со кој половината од трошоците од обновувањето ќе го покриеме ние како држава, а втората половина е многу поволна условна позајмица. Цел ни е да не оставиме ниту една ризична зграда во Истанбул во петгодишната трансформација на околу 300.000 станбени единици годишно, со студијата што треба да се спроведе“, подвлече претседателот Ердоган.

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири