| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Акар: Турските сили неутрализираа речиси 50 терористи во Сирија и Ирак
„Тие се обидуваат да го загрозат нашето единство, солидарноста, суверенитетот и безбедноста. Со спроведените антитерористички операции, од 24 јули 2015 година неутрализирани се најмалку 37.793 терористи“
Акар: Турските сили неутрализираа речиси 50 терористи во Сирија и Ирак
Акар: Турските сили неутрализираа речиси 50 терористи во Сирија и Ирак / Photo: AA / AA
4 мај 2023

Туркије ќе продолжи со своите напори со сите средства против прекуграничните закани и опасности, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека турските безбедносни сили во изминатите 10 дена неутрализирале речиси 50 терористи во северна Сирија и Ирак.

„Според вестите што штотуку ги добивме, осум терористи се неутрализирани синоќа во северна Сирија. Со тоа, бројот на неутрализирани терористи во последните 10 дена достигна речиси 50“, рече Акар на настан во централната турска област Кајсери.

Потсетувајќи на успесите на турските војници во борбата против тероризмот во тие региони, Акар рече дека заканите од терористичките организации кон Туркије продолжуваат и покрај решителните напори на турските војници против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци.

„Тие се обидуваат да го загрозат нашето единство, солидарноста, суверенитетот и безбедноста. Со спроведените антитерористички операции, од 24 јули 2015 година неутрализирани се најмалку 37.793 терористи“, додаде тој.

Истакна дека ќе продолжат напорите за борба против тероризмот додека границите на Туркије не бидат безбедни, и сè додека луѓето не се безбедни.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. Таа, исто така, има огранок во северна Сирија познат како ЈПГ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната