| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Германија застана зад МКС по новите санкции од САД
„Ние стоиме зад Меѓународниот кривичен суд и неговата претседателка Томоко Акане“, изјави заменик-портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Гизе
Германија застана зад МКС по новите санкции од САД
Германија застана зад МКС по новите санкции од САД

Германија упати критики за санкциите на САД насочени кон претседателката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) и еден виш обвинител, потврдувајќи ја својата поддршка за напорите на судот за гонење на злосторства против човештвото.

„Ние стоиме зад Меѓународниот кривичен суд и неговата претседателка Томоко Акане“, изјави заменик-портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Гизе, на прес-конференција во Берлин. „МКС откри грозоморни злосторства против човештвото. Ги повика на одговорност оние што се виновни за најтешките злосторства. На тој начин го исполнува својот мандат точно како што е предвидено.“

Гизе призна дека како и секоја институција, МКС може да се соочи со критики за своите недостатоци. Но, тој нагласи дека ваквите недостатоци „под никакви околности“ не се основа фундаментално да се доведе во прашање судот или неговите достигнувања. „Напротив, за Германија, од централно значење е да го брани и заштитува Меѓународниот кривичен суд како независна институција“, рече тој.

Најновите санкции на САД се насочени кон Акане, јапонска државјанка, и Абдулаје Сеје од Сенегал, виш обвинител во Канцеларијата на обвинители, според соопштението од судот со седиште во Хаг.

Овој потег доаѓа во време кога Вашингтон го засилува притисокот врз судот откако МКС во ноември 2024 година за израелскиот премиер Бенјамин издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант поради тешки кршења на човековите права и воени злосторства во Газа.

Претходно денес МКС остро ги осуди новите санкции, нарекувајќи ги како „флагрантни напади“ врз судската независност. Судот нагласи дека девет од неговите 18 судии, двајца заменик-обвинители, неговиот поранешен обвинител и еден член на персоналот, веќе се под санкции на САД.

Повеќе
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Швајцарија усвои нов пакет санкции против Русија
Бројот на убиени во Газа надмина 73.400