Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони

Неколку американски борбени авиони се урнале утрово во Кувајт, но нема загинати пилоти, соопшти кувајтското министерство за одбрана

By
Црн чад се издига во близина на амбасадата на САД во Кувајт Сити по наводниот ирански напад на 2 март 2026 / AFP

Министерството за одбрана на Кувајт соопшти дека неколку американски воени авиони се урнале во понеделник наутро, а сите членови на екипажите преживеале.

„Надлежните власти веднаш започнале операции за пребарување и спасување, ги евакуирале екипажите и ги превезле во болница за да ја проценат нивната состојба и да им ја обезбедат потребната медицинска помош“, изјави портпаролот на министерството во соопштението.

Тој додаде дека властите директно се координирале со американските сили во врска со околностите на инцидентот и „презеле заеднички технички мерки“.

Портпаролот рече дека истрагата се спроведува за да се утврди причината за инцидентот.

Според дописникот на ТРТ Ворлд во Техеран, иранската државна телевизија објави дека американскиот авион Ф-15 во Кувајт бил соборен од оган од иранската воздушна одбрана.

Претходно денес, порталот Клаш Репорт (Clash report) објави снимка од пад на американски воен авион Ф-15 во Кувајт.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како авионот, кој е во пламен, паѓа вртејќи се во круг.

Како е соопштено, пилотот на авионот се катапултирал и преживеал.

Порталот додава да е локалното население го ставило пилотот во гепек од автомобил и го однеле во болница.

Исто така, се тврди дека авионот бил погоден од „пријателски оган“.