Ерменскиот премиер Никол Пашинјан вчера изјави дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО.
Говорејќи на парламентарна седница за прашања и одговори во главниот град Ереван, Пашинјан рече дека не ја потпишал повелбата во која се утврдени клучните принципи на европската безбедност – на самитот на Европската политичка заедница во Даблин – поради тоа што во неа се спомнува НАТО.
„Не се приклучивме поради една причина, која јасно им ја предочив на нашите партнери: документот содржеше бројни упатувања на НАТО. Веќе јасно го изнесов нашиот став – да, го започнавме процесот на пристапување кон ЕУ, но нашата политика не вклучува одлука за приклучување кон НАТО, ниту пак имаме таква цел“, рече тој.
Премиерот додаде дека за Ереван голем дел од останатата содржина на повелбата била прифатлива, но дека земјата нема да усвои политика на пристапување кон воената алијанса.
Европските партнери на Ерменија ја разбрале нејзината позиција, додаде тој.
На 13 ноември, околу 40 земји ја потпишаа повелбата на самитот на Европската политичка заедница во Даблин. Документот ги утврдува она што потписниците го нарекуваат клучни принципи на европската безбедност.





















