| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Беќировиќ: Наша трајна обврска е да говориме за геноцидот во Сребреница
Членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, потсети дека највисоките судеви на Обединетите нации (ОН) докажаа дека е извршен геноцид врз Бошњаците и агресија против државата Босна и Херцеговина.
Беќировиќ: Наша трајна обврска е да говориме за геноцидот во Сребреница
Беќировиќ: Наша трајна обврска е да говориме за геноцидот во Сребреница / Others
11 јули 2023

„Никогаш не смееме да престанеме да ја шириме вистината за геноцидот извршен врз Бошњаците во Сребреница“, рече Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, на комеморативниот собир во Поточари.

„Денес Босна и Херцеговина, како и целиот цивилизиран дел од светот, изразуваат длабока почит кон жртвите на единствениот геноцид во Европа по Втората светска војна. Денеска сме тука да кажеме дека никогаш не смееме да престанеме да ја шириме вистината за геноцидот извршен врз Бошњаците.Никогаш нема да се поклониме на политиката и идеологијата на злото, нема да го правиме тоа ниту заради мртвите, ниту заради живите. Наша трајна човечка и цивилизациска обврска е да најдеме сила и мудрост да зборуваме за извршениот геноцид. Мора да покажеме посебна почит кон мајките на Сребреница. Тие 28 години неуморно и храбро се борат за вистината и правдата. Тие навистина заслужија да им биде доделена Нобеловата награда за мир“, рече Беќировиќ. Тој нагласи исто така дека културата на сеќавање ја јакне вистината и правдата.

„Со културата на меморијата, ние се спротивставуваме на културата на лаги и на културата на негирање на злосторствата и геноцидот и единствениот начин да се излечи општеството од болеста на омразата. Затоа изборот е едноставен - или култура на сеќавање или повторување на злото“, рече Беќировиќ.

Беќировиќ потсети дека највисоките судеви на Обединетите нации (ОН) докажаа дека е извршен геноцид врз Бошњаците и агресија против државата Босна и Херцеговина.

„Немаше граѓанска војна во нашата земја како што некои сакаа да ја прикажат. Тоа е меѓународен вооружен конфликт. Беа спроведени заеднички криминални потфати против нашата земја за време на кои беше извршен геноцид. Тоа се факти кои не можат да се сокријат или избришат“, рече тој. Беќировиќ. Тој нагласи дека Обединетите нации веќе претходно ја признаа грешката кон БиХ и Сребреница.

„Обединетите нации со своето непостапување и пропусти, по сопствено признание сносат дел од одговорноста за геноцидот извршен врз Бошњаците. Денеска затоа јавно ги поставувам прашањата: Зошто не се исправаат направените грешки? Дозволено е да се посипува сол на раните на семејствата на жртвите на геноцидот? Зошто не се санкционираат тие што го негираат геноцидот?“, рече Беќировиќ и додаде:

„Опасноста од повторување на геноцидот врз Бошњаците не е елиминирана. Идеологиите, политиките, медиумите, великодржавните центри на моќ, претензиите на големите држави и други фактори кои доведоа до геноцид врз Бошњаците се повторно присутни и повторно се закануваат. Затоа во Босна и Херцеговина треба да се грижиме за три елементи: зајакнување на државотворната свест и политика. Без државата нема да зачуваме ниту една друга вредност. Вториот елемент е потребата од единство околу стратешките државни прашања и третиот е зајакнувањето на одбранбениот и безбедносниот систем“, рече членот на Претседателството на БиХ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец