| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Косово ги доби дроновите камикази „Skydagger" од Туркије
Десетици војници на КБС веќе се обучени за употреба на дронови кои се испорачани три месеци пред догоговорениот рок, објави вршителот на должноста премиер на Косово
Косово ги доби дроновите камикази „Skydagger" од Туркије
Косово ги доби дроновите камикази „Skydagger" од Туркије / AA

Вршителот на должност премиер на Косово Албин Курти ја потврди пораната испорака на борбените дронови „Skydagger“, кои се дел од договорот со турскиот Бајкар, потпишан минатата година.

„Контејнери со илјадници борбени дронови Skydagger камикази стигнаа на Меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“ “, објави Курти на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој рече дека „десетици војници на КБС веќе се обучени за нивна употреба“.

Договорот, како што наведе, е потпишан во декември минатата година со познатата турска компанија Бајкар, која е матична компанија на произведувачот „Skydagger“

„Дроновите Skydagger требаа да стигнат во јануари 2026 година, но ги примивме три месеци претходно“, рече Курти, наведувајќи дека „овие дронови камикази, познати и како RTF (Ready to Fly) Skydagger FpV, борбените дронови опремени со експлозивни напави за да погодат подвижни и статични непријателски цели“. 

„Со купувањето на овој контигент на беспилотни летала, покрај авионот ТБ2 Бајрактар и Пума, продолжуваме да ја зголемуваме и подобруваме ударната моќ на нашата војска со цел изградба на способна и кохерентна сила со новите технолошки достигнувања и современите тактики на војување“, порача Курти.

Дроновите се натоварени на мултифункционалните камиони Rheinmetall 8x8 кои Косово ги набави минатата година, вкупно 15, од кои 10 се купени, а пет стигнаа преку донација.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Куртулмуш: Епопејата на отпорот на 15 јули е врежана во колективното сеќавање на турскиот народ
Дуран: 15 јули е историска пресвртница што ја обезбеди иднината на Туркије
Фидан: Туркије е решена да спречи групи слични на ФЕТО да се инфилтрираат во државата
Ердоган: Поразот на обидот за државен удар во 2016 е „прогласување на независност“ за Турскиот век
Косово прогласи српска министерка за „персона нон грата“ по коментарите за етничко чистење
Кувајт ја активираше воздушната одбрана поради ирански напад со дронови
ЦЕНТКОМ: САД извршија дополнителни напади врз Иран
Јордан: Соборивме три ракети лансирани од Иран
Нови американски напади врз Иран во покраината Хузестан
Десет години, десет гласови: Како 15 јули останува во срцата на турските граѓани
Бурханетин Дуран: Неуспешниот обид за државен удар во 2016 година ја обликуваше иднината на Туркије
Tурскиот министер за одбрана: Духот на неуспешниот пуч треба да ги води идните генерации
Турските системи за борба против дронови ја потврдија својата вредност на Самитот на НАТО во Анкарa
Италија уапси 79 лица во акција против мафијашката мрежа Ндрангета
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори