| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Саудиска Арабија станува „магнет“ за големите фудбалски ѕвезди
Кристијано Роналдо е најзвучното име кое одлучи да ја продолжи фудбалската кариера во оваа земја. Марсело Брозовиќ кој настапуваше за Интер и Едуар Менди се меѓу последните звучни имиња во саудиската лига. Модриќ и Меси ги одбија понудите.
Саудиска Арабија станува „магнет“ за големите фудбалски ѕвезди
Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед прејде во Ал Наср /      Photo: Reuters / Reuters

Саудиска Арабија полека,но сигурно прераснува во средиште на светската фудбалска елита. Многу славни фудбалски имиња, главно од Европа, без разлика дали на залезот на кариерата или не решија својата кариера да ја продолжат во саудиската лига.

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е последниот во низата. Тој замина од Интер и ќе му биде тимски колега на Кристијано Роналдо во Ал Наср. Ова се фудбалските ѕвезди кои ќе настапуваат во фудбалската лига на Саудиска Арабија:

Роналдо со договор уште две години

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо на крајот на минатата година потпиша договор со Ал Наср. Договорот е до 2025 година. Роналдо ќе заработува 200 милиони евра годишно.

Роналдо дојде од Манчестер Јунајтед. Пред заминувањето од еден од најдобрите клубови во Премиер лигата Роналдо имаше контроверзно интервју во кое ја критикуваше работата на тренерот и некои од соиграчите.

Пред неколку дена Роналдо ги демантираше информациите дека заминува од Ал Наср. Овој клуб е деветкратен шампион на Саудиска Арабија.

Брозовиќ ќе му биде колега

Масело Брозовиќ по осум години го напушти Интер. И тој од следната сезона ќе игра за Ал Наср. Брозовиќ ќе биде дел од клубот до 2027 година. Годишно ќе заработува по 28 милиони евра.

Брозовиќ за Интер на 330 натпревари постигна 43 голови.

И колумбиски голман во Ал Наср

Ако се знае дека дел од Ал Наср исто така е голманот Давид Оспина тогаш се добива впечаток дека клубот се засилил на повеќе позиции. Оспина е колумбиски репрезентативец, Во кариерата настапуваше и за Наполи и Арсенал.

Ал Итихад го промовира Бензема

Пред неколку денови и Ал Итихад го претстави големото засилување. Се работи за францускиот ас Карим Бензема. Тој потпиша договор со Ал Итихад на две плус една година за 200 милиони долари. Бензема беше еден од главните фудбалери на француската фудбалска репрезентација и Реал Мадрид.

Канте во истиот клуб

Ал Итихад се засили со уште еден поранешен француски репрезентативец. Се работи за Нголо Канте кој до скоро настапуваше за Челзи. Канте потпиша договор во траење од две години. Ќе заработува 100 милиони евра годишно. Со можност договорот да биде продолжен.

Уште двајца играчи од Челзи во Саудиска Арабија

Канте не е единствениот фудбалер кој од Челзи заминал во Саудиска Арабија. Тука е Калииду Кулибали кој ќе биде дел од Ал Хилал. Сенегалскиот репрезентативец призна дека имал финансиски мотиви за да прејде во клубот од Саудиска Арабија.

Трансфер во клуб од Саудиска Арабија направи и Едуар Менди. Тој ивесно време не беше меѓу првите единаесетмина на Челзи и реши да ја продолжи кариерата во Ал Ахли.

ФИФА му воведе забрана за трансфери на Ал Наср поради долг

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече забрана за трансфери на саудискиот прволигаш Ал-Наср поради долгови. Во соопштението на ФИФА се вели дека на Ал-Наср нема да му биде дозволено да регистрира нови играчи во нивниот тим поради долг за трансфери, а забраната ќе биде директно укината доколку долгот се плати.

Саудискиот клуб има долг од 390.000 фунти останати од трансферот на нигерискиот играч Ахмед Муса, кој дојде од Лестер во 2018 година.

По краткото играње во Ал-Наср, Ахмед Муса се пресели во локалниот Кано Пиларс и ќе ја помине третата сезона во Супер лигата.

Ал-Наср, кој на почетокот на годината го реализираше трансферот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, а пред неколку дена го купи и хрватскиот играч Марсело Брозовиќ.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната