| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Русија започна со испорака на бесплатно жито во Африка
Буркина Фасо, Централноафриканската Република, Еритреја, Мали, Сомалија и Зимбабве ќе добијат по 50.000 тони бесплатно жито во наредните месеци, соопшти рускиот министер Лавров
Русија започна со испорака на бесплатно жито во Африка
Русија, исто така, ќе ги плати и придружните трошоци“, додаде тој. / Photo: AA / AA
1 септември 2023

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес изјави дека е започната „практичната работа“ за снабдување на шест африкански земји со руско жито.

„Буркина Фасо, Централноафриканската Република, Еритреја, Мали, Сомалија и Зимбабве ќе добијат по 50.000 тони бесплатно жито во наредните месеци“, рече Лавров на настан во Москва.

„Русија, исто така, ќе ги плати и придружните трошоци“, додаде тој.

Осврнувајќи се на Украина, рускиот министер рече дека Саудиска Арабија ја информирала Москва дека состанокот што се одржа на 5-6 август во Џеда е организиран „за да им се пренесе на учесниците од Западот и на самата Украина“ дека решението за мир меѓу Москва и Киев не може да оди напред без учество на Русија.

Тој истакна дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што беше присутен во Авганистан, Ирак и во другите земји.

Во врска со тоа што Русија сака да тргува со други валути не само со американскиот долар, тој истакна дека Вашингтон ја поткопал позицијата на валутата со нејзино „вепонизирање“.

„Во моментов се нема доволно искуство за префрлање на друга валута, но постепено стандардните процедури ќе еволуираат бидејќи многу земји се принудени да бараат алтернативи“, додаде рускиот министер.

Имено, тој ја спомена Евроазиската економска унија, истакнувајќи дека 90 отсто од трговскиот промет на Унијата во 2023 година ќе биде во националните валути.

Лавров, исто така, рече дека Иран, Русија, Туркије и Сирија ги продолжуваат контактите за нацрт-имплементацијата на Мапата на патот за нормализација на односите меѓу Дамаск и Анкара, што започна во 2022 година.

„Усвоивме изјава во која го изразуваме нашиот интерес за подготовка на Мапа на патот за нормализација на односите меѓу Сирија и Туркије. Нацртот го доставивме до сите наши колеги некаде во јуни. Контактите продолжуваат за да се доведе до општоприфатлив контекст, по што може да биде одобрен“, рече тој.

Лавров истакна дека Русија им предложила на Анкара и Дамаск да се вратат на Договорот од Адана од 1998 година за надминување на разликите околу мерките за борба против тероризмот.

„Американската нелегална поддршка на курдскиот сепаратизам е уште еден проблем за турско-сириска нормализација“, додаде тој.

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири