| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Српската опозиција го блокира  ребалансот на буџетот, бара вонредни избори
Пратениците од опозицијата станаа од клупите и почнаа да извикуваат „Надвор“ и „Крадци“, да свиркааат, да удираат по клупите и да бараат до крајот на годината да се одржат вонредни парламентарни и локални избори во Белград
Српската опозиција го блокира  ребалансот на буџетот, бара вонредни избори
Претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ истакна дека тоа што опозицијата го прави во Собранието е срам и дека се обидуваат да го претворат парламентот во „пазар / Others
5 септември 2023

Пратениците од опозицијата во српското Собрание денеска одлучија да ја блокираат собраниската седница на чиј дневен ред е ребалансот на буџетот, барајќи да се распишат вонредни парламентарни и локални избори во Белград. Шефот на опозициската пратеничка група Зелено-левичарски клуб, Радомир Лазовиќ на седницата посочи дека власта ги убедува граѓаните дека системот не потфрлил во двете масовни убиства во Србија во мај и дека опозицијата која ги организира протестите бара избори бидејќи власта нема да ги исполни барањата на протестот „Србија против насилството“. Тој посочи дека опозицијата бара вонредни избор за Белград и парламентарни избори до крајот на годинава. „Барам претседателот Вучиќ итно да се изјасни дали ќе распише вонредни парламентарни и локални избори во Белград, рече Лазовиќ и додаде дека опозицијата ќе ја блокира оваа седница на Собранието додека не добие одговори.

Ним им се придружија пратениците од десничарските опции како Двери, коалицијата НАДА и Заветник, кои рекоа дека претходно побарале предвремени избори.

Кога завршија пратеничките прашања, пратениците од опозицијата станаа од собраниските клупи и почнаа да извикуваат „Надвор“ и „Крадци“, свиркаа со свирчиња, удираа по клупите држејќи транспаренти „Одговорност за Вулин“, „Исполнете ги барањата“, „Одговорност за Гашиќ“, „Косово е Србија“, како и пречкртани табли со логата на телевизиите Пинк и Хепи. Барањата на протестите „Србија против насилството“ се разрешување на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ, директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин, разрешување на членовите на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми, укинување на националните фреквенции на телевизиите Хепи и Пинк, укинување на реалните шоуа, како и укинување на дневните весници кои пропагираат омраза и насилство. Српската премиерка Ана Брнабиќ посочи дека предлогот за ребаланс на буџетот е многу важен, бидејќи го подига стандардот на граѓаните, а опозицијата, чии пратеници ја попречуваат работата на Собранието, учела и се уште учи од практиката на косовскиот премиер Албин Курти кога беше пратеник на Самоопределување. „Ова ќе обезбеди Србија, која ни е на прво место и пред се друго, да продолжи да расте и да се развива. Фактот што нашата опозиција научи и учи од практиката на Курти, кој прв го направи ова во парламентот многу зборува за нив“, рече Брнабиќ, додека опозиционерите извикуваа „Надвор“. Таа наведе дека ребалансот на буџетот носи повеќе пари за мајките, пензионерите и лекувањето на децата и возрасните од ретки болести, како и за земјоделците, а опозицијата сака да ги спречи пензионерите да добијат зголемување на пензиите за 5,5 отсто, земјоделците повеќе субвенции, мајки на деца до 16 години 10.000 динари по дете, а болните граѓани околу четири милијарди динари за лекување во земјата и странство. „За мајките, за децата, за земјоделците, за здравството, за патиштата. Можете да правите што сакате, но ние нема да се откажеме. Вие погласни, ние посилни. Затоа што ако победите, нема да има плата, нема пензии. Нема патишта. Тоа нема да го дозволиме, никогаш нема да отстапиме. Ќе се бориме секоја минута, секој час, секоја секунда за подобра Србија“, изјави Брбнабиќ. Претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ истакна дека тоа што опозицијата го прави во Собранието е срам и дека се обидуваат да го претворат парламентот во „пазар“, бидејќи ги спречуваат мајките да добијат поддршка за своите деца.

Повеќе
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Сиљановска-Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ
Економската соработка и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Мицкоски-Орбан во Будимпешта
Вучиќ: Ја поддржувам одлуката на Милановиќ за откажување на самитот Брдо-Бриони
Вучиќ прогласи победа на локалните избори: Благодарност до Србија за довербата
Мртва буква на хартија
Караман, заштитена раса, македонска гордост и жив симбол
Во Охрид се одржува Интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ
Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Дурмиши: Нема индиции за енормни поскапувања, инспекциски контроли спроведуваат засилен надзор
Уставниот суд на Косово го поништи указот на претседателката Османи за распуштање на Собранието
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Мицкоски: Армијата ја засилува мобилноста, 17-те нови оклопни возила „страјкер“
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“