Кремљ: Лавров активно работи како министер за надворешни работи

Лавров (75), ветеран дипломат познат по својот строг стил на преговарање, отсуствуваше од голем состанок во Кремљ минатата недела на кој требаше да присуствува, а нема да присуствува на самитот на Г20 во Јужноафрикансата Република подоцна овој месец

By
Кремљ порача да се игнорираат шпекулациите на западните медиуми дека Лавров можеби ја изгубил наклонетоста од претседателот Путин / Reuters

Кремљ во понеделник соопшти дека Сергеј Лавров активно работи како министер за надворешни работи на Русија, со порака да се игнорираат шпекулациите на западните медиуми дека можеби ја изгубил наклонетоста од претседателот Владимир Путин.

Лавров (75), ветеран дипломат познат по својот строг стил на преговарање, отсуствуваше од голем состанок во Кремљ минатата недела на кој требаше да присуствува.

Исто така, Путин избра некој друг да присуствува на самитот на Г20 во Јужна Африка подоцна овој месец, наместо Лавров, кој редовно ја извршуваше оваа функција во минатото.

Кремљ во петок ги отфрли шпекулациите дека Лавров ја изгубил наклонетоста од Путин откако напорите за организирање самит меѓу рускиот претседател и Доналд Трамп беа замрзнати минатиот месец.

Ројтерс и други медиуми објавија во тоа време дека Вашингтон го откажа новиот самит откако министерството на Лавров испрати порака во која се вели дека Москва не е подготвена да отстапи од своите барања во врска со Украина.

Британскиот Фајненшл тајмс цитираше извор кој сугерираше дека Вашингтон бил обесхрабрен од исходот од разговорите на Лавров со Рубио.

Лавров, пак, во петокот изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио бидејќи двајцата ја разбираат потребата од редовна комуникација.