Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на централниот дел на Чиле, на мала длабочина од околу 10 километри

By Игор Шегавиќ
Според чилеанските служби за итни случаи нема информации за жртви или структурни оштетувања / Photo: AA / AA

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на централниот дел на Чиле. Земјотресот бил на мала длабочина од околу 10 километри.

Властите ја повлекоа наредбата за претпазливост за евакуација, а според чилеанските служби за итни случаи нема информации за жртви или структурни оштетувања. Чиле претрпе разорни земјотреси во минатото. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и последователно цунами уби повеќе од 500 луѓе.