| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Во Јапонија родителите бараат брачни партнери за своите деца
Поради зголемените трошоци за живот и напорната работна култура, сè помалку Јапонци сакаат да се венчаат и да имаат деца, но тогаш на сцена стапуваат нивните родители кои плаќаат по 89 евра за состаноци за брачно посредување
Во Јапонија родителите бараат брачни партнери за своите деца
Населението во Јапонија долго време е на надолна траекторија и претрпе рекорден пад од 800.523 жители па сега има популација од 125,4 милиони Јапонци / Photo: Reuters / Reuters
8 септември 2023

Сè помалку Јапонци одлучуваат да се венчаат и да имаат деца, а нивните родители, кои сакаат да имаат внуци, одат на организирани брачни настани за да им помогнат на своите деца да најдат соодветен брачен партнер.

Со оглед на зголемените трошоци за живот, лошите економски перспективи и напорната работна култура, сè помалку Јапонци денес избираат да се омажат и да имаат деца. Тогаш на сцена стапуваат нивните родители, загрижени за се помалите шанси да добијат внуци.

На состаноците наречени „омијаи“ - брачна посредување, родителите зборуваат за своите возрасни, слободни деца, за кои се надеваат дека ќе најдат љубов.

Секој од родителите издвојува по 14.000 јени (89 евра) за учество на ваков настан.

„Идејата дека е во ред родителите да им помагаат на своите деца да се венчаат на овој начин стана се пораспространета“, вели Норико Мијагоши, директор на компанија која организира брачни настани речиси две децении.

Во минатото, луѓето можеби се срамеле да присуствуваат на овие настани, додаде таа.

„Но, времињата се сменија.

Во Јапонија денес има сè помалку бракови и помалку луѓе.

Населението долго време беше на надолна траекторија и во период од една година до јануари, според владините бројки, претрпе рекорден пад од 800.523 жители па сега има популација од 125,4 милиони Јапонци.

Бројот на новорегистрирани бракови во Јапонија во 2021 година падна на 501.116, што е најниско од крајот на Втората светска војна и само половина од бројот на бракови регистрирани во 1970-тите.

Јапонците се венчават се подоцна и подоцна - просечната возраст во 2021 година беше 34 години за мажи во споредба со 29 во 1990 година и 31 за жени во споредба со 27 години во 1990 година.

Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“