| Macedonian
ТУРКИЈЕ
1 мин читање
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чекорите на „големата и моќна Туркије“ сега се слушаат не само во регионот, туку и ширум светот
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Ердоган денеска се обрати на собирот на младинските ограноци на АК партијата во Конгресниот центар на АК партијата во Анкара / َAA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пофали климатската конференција КОП31, чиј домаќин е Туркије, истакнувајќи дека настанот бил „најуспешен досега во однос на организацијата и учеството“.

Ердоган го изјави ова во понеделникот, за време на обраќањето пред членовите на младинските ограноци на Партијата на правдата и развојот (АК партија) во главниот град Анкара.

Осврнувајќи се на уште еден значаен самит чиј домаќин беше Туркије, Ердоган рече дека Самитот на лидерите на НАТО, одржан во Анкара во јули, продолжува да има трајно влијание.

„Влијанието на самитот сè уште се чувствува. Чекорите на голема и моќна Туркије сега се слушаат не само во нашиот регион, туку и ширум светот“, рече тој.

Нагласувајќи го растечкото глобално влијание на Туркије, Ердоган изјави дека земјата сè повеќе е во центарот на светското внимание, при што нејзините домашни и меѓународни иницијативи предизвикуваат интерес низ целиот свет.

„Додека се обликува новиот светски поредок, токму вие сте тие што ќе ја претворат во реалност нашата визија за Туркије како ’централна земја‘“, им порача Ердоган на младите присутни на собирот.

Повеќе
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
ЕУ: Платформите на социјалните медиуми не ги отстрануваат пријавените измами
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот