| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово
Близината на пазарите и земјоделскиот потенцијал создаваат можности за зголемување на трговската размена и создавање долгорочни партнерства меѓу производителите и компании, рече министерот за земјоделство по средбата со косовскиот колега
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово
Двајцата министри ја нагласија важноста на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции, усогласувањето со стандардите на ЕУ

Северна Македонија и Косово имаат цел да ја зајакнат институционалната соработка и да ја зголемат трговската размена на земјоделски и прехранбени производи, беше истакнато на средбата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски со косовскиот колега Арменд Муја.

Според соопштение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, двајцата министри ја нагласија важноста на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции, усогласувањето со стандардите на Европската Унија и размената на искуства во процесот на европската интеграција.

Серафимовски истакна дека близината на пазарите и земјоделскиот потенцијал создаваат можности за продлабочување на економските односи преку посилна институционална соработка, зголемување на трговската размена и создавање долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите.

Муја ја нагласи потребата од систематски пристап во билатералната соработка, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, особено во областа на безбедноста на храната, сертификатите и стандардите.

На средбата се разговараше и за трговијата со млеко и млечни производи. Заменик-министерот Албрим Хоџа истакна дека прашањата поврзани со безбедноста на храната треба да се разгледуваат врз основа на целосна документација, лабораториски резултати и континуирана комуникација меѓу надлежните институции.

На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.

Повеќе
Хрватска ги осуди нападите врз трговски бродови во Црното Море
Кина се противи на продажбата на оружје од САД за Тајван по испораката на Ф-16 авиони
СЗО: Дебелината кај децата и адолесцентите е зголемена четирикратно од 1990 година
Хутите тврдат дека нападнале саудиски аеродроми и воени бази
Хаити ги одложува изборите поради продолжената политичка нестабилност
Новинарите од Газа плаќаат висока цена по три години израелска војна, загинати се 263 лица
Јустина Широка Пула избрана за претседателка на Косово
Нетанјаху повторно казнет поради изборна пропаганда снимена во воена база
Курти ја предложи Јустина Широка Пуља за кандидат за претседател на Косово за да избегне нова криза
Астронаутка на НАСА родена во Туркије се подготвува за својата прва вселенска мисија
Хутите тврдат дека сè уште ги држат сите неодамна освоени области
Русија ѝ соопшти на Светската здравствена организација дека нема чума во Сибир
Два бродови погодени со дронови во Црното Море кај Бугарија, едниот потонал
Повлечен налогот за апсење на каталонскиот сепаратистички лидер Пуџдемон
Турскиот одбранбен сектор се профилира како партнер на Европа, со сè поголемо глобално присуство