| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Северна Македонија
Делегација на Генералниот директорат на Државните работи за води на Туркије (ДСИ) престојува во Северна Македонија и работи на отстранување на проблемите со водата за пиење во турските села во источниот дел од земјата.
Туркије ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Северна Македонија
Туркије ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Северна Македонија / Photo: AA / AA

Делегација на Генералниот директорат на Државните работи за води на Туркије (ДСИ) престојува во Северна Македонија и работи на отстранување на проблемите со водата за пиење во турските села во источниот дел од земјата.

Тим од 4 лица од ДСИ работи на студија за водите, а контактите во Северна Македонија ги започна на 18 септември.

Делегацијата од Туркије го посети Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и таму одржа координативен состанок.

Вчера тимот на ДСИ ја посетија општина Радовиш и се состанаа со градоначалникот Ацо Ристов.

Подоцна, делегацијата го посети селото Калаузија во Радовиш во придружба на амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.

Делегацијата на патот кон Калаузија застана покрај еден извор на вода на приближно 3 километри од селото и спроведе истражување на водата.

Исмет Кизилтепе, заменик-раководител на Одделот за подземни води на Генералниот директорат за државни работи за води на Туркије, за новинарите изјави дека дошле во посета на земјата за да ги отстранат проблемите со водата за пиење во турските села во источните делови на Северна Македонија во рамките на делокругот на соработката и Меморандумот за разбирањет во полето на водите потпишан меѓу Туркије и Северна Македонија во 2021 година.

Истакнувајќи дека ќе се обидат да изнајдат решенија идентификувајќи ги проблемите со водата за пиење во селата од регионот, Кизилтепе рече дека изворот на вода што го нашле во селото Калаузија сметаат дека ќе биде доволен за селото, во нормални услови.

„Сметаме дека со проектните активности што ќе ги спроведеме ќе се реши проблемот со водата за пиење на селото Калаузија и селото ќе има вода за пиење“, рече Кизилтепе.

Зборувајќи дека се враќаат во Туркије во недела, на 24 септември, откако ќе ја завршат студијата за води, Кизилтепе рече: „Кога ќе се вратиме во Туркије, ќе поднесеме извештај за сите наши наоди и студии во врска со овие 22 села. Согласноста за патување и подготвената студија потоа ги доставуваме до нашето министерство, кое ги испраќа до претседателството. Откако претседателството ќе ги разгледа подготвените студии, верувам дека брго ќе се донесе одлука, и ќе се реши проблемот со водата за пиење на нашите сонародници во овие 22 турски села.“

Посочувајќи дека вакви студии освен во Туркије спровеле и во Туркиските земји и во Африка, Кизилтепе рече: „Имаме за цел да се осигураме дека нема да оставиме ниту едно турско село или наш сонародник без вода“.

Делегацијата, која ќе престојува во земјава до 24 септември, ќе ги посети градовите Радовиш, Дојран, Струмица, Валандово, Штип и нивние околни села и ќе работи на отстранување на проблемите со водата за пиење.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт