| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Што му претходеше на инцидентот во Бањска во северно Косово?
Неуспехот на последната средба меѓу лидерите на Косово и Србија во Брисел, заканите од потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ и бомбашкиот напад врз косовската полиција се случија во последните десет дена.
Што му претходеше на инцидентот во Бањска во северно Косово?
Неуспехот на последната средба меѓу шефовите на Косово и Србија во Брисел, заканите од потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ и бомбашкиот напад врз косовската полиција се случија во последните десет дена. / Photo: Reuters / Reuters

Припадник на косовската полиција го загуби животот, а уште еден е повреден во вооружениот напад на полицијата во Бањска во Лепосавиќ, на северот на Косово. Терористичка група, како што оценија институциите на Косово, подготвена и униформирана, во раните утрински часови во неделата се судри со органите на редот. Тројца припадници на групата се убиени, додека други шестмина се уапсени од косовската полиција.

Вчерашниот судир беше кулминација на тензиите кои траат последните неколку месеци во општините во Косово со мнозинско српско население. Паралелно со разговорите посредувани во Брисел за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, ситуацијата на терен и понатаму е жешка и тензична.

Само во последните десетина дена на ескалацијата на Косово и претходеа низа настани.

Неуспех на преговорите во Брисел

На 14 септември се одржа нова рунда разговори меѓу лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ, со посредство на високите европски дипломати, Џозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата изјави дека Србија го условила формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, а го обвини и посредникот Лајчак дека се координира со Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, го обвини Курти за неуспех на преговорите, велејќи дека тој не го прифаќа секвенцираниот план „предложен од ЕУ“.

По неуспешната рунда, страните се вратија на забарикадираните позиции, не забележувајќи никакво зближување или напредок во преговорите.

Закана на Радојчиќ

Неколку часа по средбата во Брисел, потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ, преку објава на Фејсбук му се закани на премиерот на Косово, Албин Курти.

„Албин Курти, ти, како и сите окупатори, можеш да правиш што сакаш, но не колку сакаш. Времето ќе покаже кој ќе настрада и ќе плати на крајот“, објави Радојчиќ.

Милан Радојчиќ е бегалец од Косово во Србија и по него трагаат органите на редот и законот на државата Косово. Вклучен е и во Црната листа на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Рачна граната два дена пред нападот

На 22 септември, во текот на ноќта, воена рачна граната експлодираше во северниот дел на Митровица. Иако нема жртви, пораката за оваа експлозија била политичка, велат косовските институции.

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека воената рачна граната била фрлена како одговор на апсењето на тројца српски криминалци од страна на косовската полиција.

Во последниве недели, косовската полиција, исто така, пронајде и конфискува тешко оружје на локации во северниот дел на земјата.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт