Израел бомбардираше црква во која се засолнија стотици раселени Палестинци

Има мртви и повредени, а според вестите на палестинската официјална агенција ВАФА, едно малолетно девојче загина во нападот на Израел врз грчката православна црква „Свети Порфирије“, во квартот Аз-Зејтун, на југот на градот Газа

By Адмир Фазлагиќ
Израел бомбардираше црква во која се засолнија стотици раселени Палестинци / Photo: AA Archive / AA Archive

Во израелскиот напад врз историската грчка православна црква во која се засолнија раселените цивили во Појасот Газа има мртви и повредени. Министерството за внатрешни работи во Газа објави дека Израел гаѓаше Грчка православна црква во Газа.

Наведено е дека „многумина се убиени и повредени“ како резултат на израелскиот напад врз црквата во која се засолнија стотици раселени Палестинци.

Според вестите на палестинската официјална агенција ВАФА, еднно малолетно девојче загина во напад на Израел врз грчката православна црвка Свети Порфирије, во квартот Аз-Зејтун, на југот на градот Газа.

Во нападот е причинета сериозна штета на историската црква, уништена е и зграда во близина на црквата. Грчката православна црква се наоѓа отприлика 250 метри од баптистичката болница ал-Ахли, која Израел ја бомбардираше на 17 октомври, убивајќи стотици луѓе.

Познато е дека на подрачјето кое Израел го нападна живеат околу 1.000 христијани, а тие чии куќи се уништени се засолнија во црква и нејзините згради поради заштита.