| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Словенија ја продолжува контролата на границата со Хрватска за уште 20 дена
Словенечкиот министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар најави дека ќе и предложи на Владата продолжување на граничните контроли со Унгарија и Хрватска за 20 дена, што е неопходно за да се контролира влезот на илегални мигранти
Словенија ја продолжува контролата на границата со Хрватска за уште 20 дена
Словенија на 21 октомври воведе привремени гранични контроли со Унгарија и Хрватска / Photo: Reuters / Reuters
26 октомври 2023

Словенечкото МВР ќе и предложи на Владата продолжување на граничните контроли со Унгарија и Хрватска за 20 дена, најави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар.

Поклукар во текот на денот заедно со заменик-генералниот директор на полицијата Игор Циперлет ги посети граничните премини со Унгарија Пинце и Долга Вас.

Во образложението на неодамнешната одлука за привремено повторно воведување на граничните контроли, словенечката влада ги наведе заканите за јавниот ред и внатрешната безбедност во ЕУ, ситуацијата на Блискиот Исток и Украина и неодамнешните терористички напади во некои членки на ЕУ.

„Знаеме дека степенот на терористичка закана во некои европски земји сѐ уште е висок, во Словенија е среден. Ова е и причина што на 2 ноември министрите на Словенија, Италија и Хрватска ќе се сретнат во Трст и ќе разговараат за заканата од тероризам и мерките што ги воспоставуваме на границата, како и во регионот, изјави Поклукар.

Тој додаде дека е неопходно да се контролира влезот на илегални мигранти, од кои за неколку дена се евидентирани околу стотина, а уапсени се и неколку криумчари.

На 21 октомври Словенија воведе привремени гранични контроли со Унгарија и Хрватска.

Првично контролата требаше да трае до 30 октомври со можност за продолжување.

Словенија се одлучи на оваа мерка откако Италија ја информираше дека во тој период ќе воведе привремена контрола на границата со Словенија.

Според СТА, Италија веќе укажала дека контролата на границата со Словенија се очекува во текот на целата зима.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната