| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Билансот на загинати во израелските напади достигна 7.814
Додека Газа е под немилосрдни израелски воздушни напади по ненадејната офанзива на Хамас на 7 октомври, тензиите се зголемија и на окупираниот Западен Брег
Билансот на загинати во израелските напади достигна 7.814
Билансот на загинати во израелските напади достигна 7.814 / Photo: AA / AA
29 октомври 2023

Бројот на загинати од немилосрдното израелско бомбардирање на Газа и судирите на Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 7.814, објави денес палестинската државна телевизија.

Соопштено е дека 21.693 лица се ранети во операциите на Израел „против нашиот народ“.

Додека Газа е под немилосрдни израелски воздушни напади по ненадејната офанзива на Хамас на 7 октомври, тензиите се зголемија и на окупираниот Западен Брег со јавувања за судири меѓу Палестинците и израелските војници, рациите за апсење и нападите од еврејските доселеници.

Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал-Акса“ - ненадеен напад од повеќе страни, кој вклучуваше и низа лансирања ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Беше наведено дека нападот е одмазда за упадите во џамијата Ал Акса и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израел одговори со непрекината кампања на воздушни напади, кои се интензивираа во петокот вечерта заедно со копнените операции при целосно прекинување на телекомуникациските и интернет мрежите, кои сега постепено се обновуваат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера рече дека копнените сили влегле низ „портите на Газа“, во „втората фаза од војната“ за да ги уништат воените и управувачките капацитети на Хамас и да ги вратат заробениците дома.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната