| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Столтенберг од Сараево: Загрижени сме поради сецесионистичката реторика
НАТО силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, загрижени сме поради надворешните влијанија, особено од Русија, кои се закануваат да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите, изјави шефот на алијансата
Столтенберг од Сараево: Загрижени сме поради сецесионистичката реторика
НАТО дава поддршка за мисијата Алтеа на ЕУ во БиХ, рече Столтенберг / Photo: AA / AA
20 ноември 2023

НАТО останува посветен на поддршката за Босна и Херцеговина на нејзиниот евроатлантски пат. Секоја земја има право да избере свои безбедносни аранжмани, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во посета на Сараево.

Шефот на НАТО денеска имаше средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

„Разговаравме за безбедносната ситуација во Босна и Херцеговина и во регионот. Сојузниците силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на вашата земја. Загрижени сме поради сецесионистичката реторика и надворешните влијанија, особено Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите. Сите лидери мора да работиме за единство и напредок. Тоа ни е исклучително важно и ние сме посветени на ситуацијата во овој регион. НАТО со години е посветен на стабилноста во вашата земја“, рече Столтенберг на прес-конференцијата по средбата со Кришто.

Тој, исто така, рече дека НАТО и неговите сојузници остануваат посветени на мировната мисија ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

Поддршка на мисијата Алтеа

„Затоа, ја продлабочуваме нашата соработка и нашиот политички дијалог и практична соработка. Седиштето на НАТО во Сараево дава поддршка за мисијата Алтеа на Европската унија. НАТО и неговите сојузници остануваат посветени на успехот на таа мисија и ја поздравуваме одлуката на Советот за безбедност на ОН да ја продолжи мисијата“, додаде тој.

Столтенберг истакна дека НАТО алијансата силно ги поддржува реформските напори на Босна и Херцеговина.

„Ова ќе ги зајакне вашите способности за одговор на природни и други катастрофи и сајбер одбрана. НАТО останува посветен на поддршката на Босна и Херцеговина на нејзиниот евроатлантски пат. Секоја земја има право да избере свои безбедносни аранжмани без надворешно мешање. Особено сакам да ја пофалиме Босна и Херцеговина за нејзините успеси што ги постигна на патот кон Европската унија“, рече Столтенберг.

Балканска турнеја

Столтенберг во неделата пристигна во главниот град на БиХ, каде што престојува во дводневна посета на која ќе се сретне со бројни официјални претставници. Тој беше пречекан од членовите на Претседателството на БиХ во главниот град на БиХ.

Шефот на НАТО алијансата по денешната средба со Кришто треба да се сретне и со високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, а предвидени се и средби со воени и меѓународни претставници во базата на НАТО во Бутмир.

Покрај Босна и Херцеговина, Столтенберг во наредните денови треба да посети и други земји од Западен Балкан, а по Сараево ќе отпатува за Косово каде ќе се сретне со премиерката Албина Курти и со претседателката Вјоса Османи.

По Косово, Столтенберг ќе има средба во Белград со премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ во рамките на неговата балканска турнеја, а посетата на регионот ќе ја заврши во Северна Македонија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан