| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Катар се надева дека договорот за  Газа ќе доведе до мировни преговори
Им благодариме на нашите партнери кои придонесоа за договорот за хуманитарната пауза во Газа, се надеваме дека ова ќе воспостави сеопфатен и одржлив договор кој ќе стави крај на војната и крвопролевањето, рече премиерот Мохамед Абдулрахман
Катар се надева дека договорот за  Газа ќе доведе до мировни преговори
Абдулрахман им се заблагодари на САД и Египет за успехот во преговорите / Others
22 ноември 2023

Катар во средата изрази надеж дека договорот за хуманитарна пауза во Појасот Газа ќе доведе до сериозни мировни преговори.

„Им благодариме на нашите партнери кои придонесоа за договорот за хуманитарната пауза во Газа, особено на Соединетите Американски Држави и Египет. Се надеваме дека ова ќе воспостави сеопфатен и одржлив договор кој ќе стави крај на војната и крвопролевањето“, рече Премиерот Мохамед Абдулрахман на социјалната мрежа Х.

Тој рече дека официјална Доха се надева дека оваа пауза „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес во согласност со меѓународните резолуции за легитимност“.

Израелската влада се согласи на договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас рано наутро во средата.

Според договорот постигнат со посредство на Катар, 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници во израелските затвори.

Договорот вклучува и четиридневна пауза во борбите и влез на 300 камиони со хуманитарна помош, вклучително и гориво, во Појасот Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан