Катар се надева дека договорот за Газа ќе доведе до мировни преговори
Им благодариме на нашите партнери кои придонесоа за договорот за хуманитарната пауза во Газа, се надеваме дека ова ќе воспостави сеопфатен и одржлив договор кој ќе стави крај на војната и крвопролевањето, рече премиерот Мохамед Абдулрахман
Катар во средата изрази надеж дека договорот за хуманитарна пауза во Појасот Газа ќе доведе до сериозни мировни преговори.
„Им благодариме на нашите партнери кои придонесоа за договорот за хуманитарната пауза во Газа, особено на Соединетите Американски Држави и Египет. Се надеваме дека ова ќе воспостави сеопфатен и одржлив договор кој ќе стави крај на војната и крвопролевањето“, рече Премиерот Мохамед Абдулрахман на социјалната мрежа Х.
Тој рече дека официјална Доха се надева дека оваа пауза „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес во согласност со меѓународните резолуции за легитимност“.
Израелската влада се согласи на договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас рано наутро во средата.
Според договорот постигнат со посредство на Катар, 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници во израелските затвори.
Договорот вклучува и четиридневна пауза во борбите и влез на 300 камиони со хуманитарна помош, вклучително и гориво, во Појасот Газа.