| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Абас го поздрави договорот за хуманитарна пауза во Газа
Палестинскиот претседател повикува на сеопфатен прекин на израелската „агресија“ врз палестинскиот народ, воведување хуманитарна помош и спроведување на политичко решение засновано на меѓународна легитимност
Абас го поздрави договорот за хуманитарна пауза во Газа
Да се стави крај на окупацијата и палестинскиот народ да ја добие својата слобода, независност и суверенитет, изјави Абас / Photo: AA / AA
22 ноември 2023

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави договорот за хуманитарна пауза во Појасот Газа.

„Претседателот Абас и раководството го поздравуваат договорот за хуманитарно примирје“, рече Хусеин Ал Шеик, генерален секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во соопштението.

„Ги цениме Катарско-Египетските напори што беа направени и го обновуваме повикот за сеопфатен прекин на израелската агресија врз палестинскиот народ, воведување хуманитарна помош и спроведување на политичко решение засновано на меѓународна легитимност, да се стави крај на окупацијата и палестинскиот народ да ја добие својата слобода, независност и суверенитет“, додаде тој.

Израел и Хамас во средата објавија договор за примирје и за размена на заложници.

Според договорот, 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници од израелските затвори, објавија израелските медиуми.

Договорот вклучува и четиридневна пауза во борбите и влез на 300 камиони натоварени со хуманитарна помош, вклучително и гориво, во Појасот Газа.

Договорот, исто така дава можност за продолжување на паузата и потенцијално ослободување на повеќе деца и жени кои ги држат двете страни.

Израел проценува дека Хамас држи најмалку 239 Израелци по неговиот прекуграничен напад на 7 октомври.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа повеќе од 14.128 Палестинци, вклучувајќи 5.840 деца и 3.920 жени, според здравствените власти во енклавата.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во воздушните и копнените напади на Израел врз опколената енклава.

Во меѓувреме, според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.200.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири