| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Израелскиот „окупаторски тероризам“ во Газа е геноцид
Во врска со светските протести против нападите на Израел врз Газа, Ердоган рече„Политичарите кои ќе се прават глуви на тој глас наскоро ќе се соочат со демократскиот одговор на народот“
Ердоган: Израелскиот „окупаторски тероризам“ во Газа е геноцид
Западното општество застана на погрешната страна на историјата во конфликтот Палестина и Израел, нагласи Ердоган / Others
22 ноември 2023

Израелскиот „окупаторски тероризам“ во Газа и другите палестински територии се злосторства против човештвото што претставуваат „геноцид“, изјави во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Мораме да го принудиме Израел да се придржува кон меѓународното право и да одговара за своите постапки. Треба да ја прекинеме и блокадата во ОН“, им рече Ердоган на новинарите при враќањето од Алжир.

Тој, исто така, рече дека сите, вклучително и странските претставници, сега ѝ кажуваат на турската страна дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „мора да замине“.

Во врска со светските протести против нападите на Израел врз Газа, Ердоган рече: „Политичарите кои ќе се прават глуви на тој глас наскоро ќе се соочат со демократскиот одговор на народот“.

Окупацијата на Газа од страна на Израел, иако можеби замолкна некои влади, ја разбранува јавната совест, додаде тој.

Западното општество, кое се бори со наследството на нацистичкиот холокауст, сега падна на тестот и застана на погрешната страна на историјата во конфликтот Палестина и Израел, нагласи Ердоган.

Тој, исто така, рече дека завршувањето на опсадата на Газа е можна само преку чекори преземени не само од неколку земји, туку од сите земји членки на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и Арапската лига.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа повеќе од 14.128 Палестинци, вклучувајќи 5.840 деца и 3.920 жени, според здравствените власти во енклавата.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во воздушните и копнените напади на Израел врз опколената енклава.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел е околу 1.200, според официјалните бројки.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири