| Macedonian
Алтман вратен за директор на OpenAI по бунтот во стартапот за ВИ
Алтман, кој беше извршен директор од 2020 година, брзо најде нова улога да го води новиот истражувачки тим за вештачка интелигенција во Мајкрософт, при што му се придружи Грег Брокман ко-основачот на фирмата и поранешен претседател
Алтман вратен за директор на OpenAI по бунтот во стартапот за ВИ
Illustration shows OpenAI logo / Photo: Reuters / Reuters
22 ноември 2023

OpenAI објави дека го враќа поранешниот извршен директор Сем Алтман, кој ненадејно беше сменет од американската компанија за истражување на вештачка интелигенција (АИ) пред пет дена.

„Постигнавме начелен договор Сем Алтман да се врати на OpenAI како извршен директор со старо-новиот одбор на Брет Тејлор (претседавач), Лери Самерс и Адам Д'Анџело“, напиша компанијата на X. „Работиме на деталите. Ви благодариме многу за вашето трпение “.

Тејлор е член на одборот на платформата за е-трговија Shopify и беше поранешен ко-извршен директор на американската софтверска компанија базирана на облак технологии Salesforce, од ноември 2021 до ноември 2022 година.

Самерс беше министер за финансии на САД од 1999 до 2001 година за време на администрацијата на Бил Клинтон пред да биде претседател на Универзитетот Харвард помеѓу 2001 и 2006 година.

Д’Анџело, кој се приклучи на OpenAI во 2018 година, е единствениот член на претходниот одбор на директори на компанијата.

Одборот на OpenAI го отпушти Алтман во петокот бидејќи тој „не бил постојано искрен во комуникацијата со одборот, попречувајќи ја неговата способност да ги извршува своите одговорности“.

Алтман (38), кој беше извршен директор на фирмата од 2020 година, брзо најде нова улога во понеделникот да го води новиот истражувачки тим за вештачка интелигенција во Мајкрософт, при што му се придружи Грег Брокман ко-основачот на фирмата и поранешен претседател.

Но, повеќето вработени во OpenAI во понеделникот напишаа во отворено писмо дека имаат намера да заминат откако Алтман беше отпуштен.

Во писмото се бара Алтман да биде вратен на функцијата заедно со Брокман, при што речиси сите се закануваат дека ќе дадат оставка и ќе им се придружат во Мајкрософт.

Главниот директор за технологија на Мајкрософт, Кевин Скот, во вторникот ги покани вработените во OpenAI да се приклучат на неговата компанија.

Слично на тоа, извршниот директор на Salesforce, Марк Бениоф, исто така им понуди работа на вработените во OpenAI кои ќе изберат да дадат отказ.

Откако Мајкрософт започна да инвестира во OpenAI со почетна милијарда долари во 2019 година, се проценува дека сумата се искачи на 13 милијарди долари.

Алтман напиша на X дека со нетрпение очекува да се врати на OpenAI и да изгради силно партнерство со Microsoft. Брокман рече дека исто така се враќа на OpenAI и напиша на X: „се враќам на кодирањето вечерва“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири